Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате?

Кој е изложен на поголем ризик и како да го намалите високиот крвен притисок?

Неколку фактори влијаат врз покачувањето на притисокот, а дел од нив се:

  • Возраст – кај мажите, ризикот се зголемува по 64-тата година, додека кај жените по 65-тата година
  • Раса – Истражувањата покажале дека високиот крвен притисок е почест кај луѓе со темна кожа.
  • Генетика
  • Дебелина или вишок килограми
  • Недостаток од физичка активност
  • Пушење цигари
  • Јадење многу сол
  • Ниско ниво на калиум во организмот
  • Пиење многу алкохол
  • Бременост

kako-da-go-namalite-krvniot-pritisok-i-kolku-e-opasen-po-zdravjeto-05.jpg

Станува очигледно дека причини има безброј, што значи ако имате проблеми со висок притисок, слушајте ги советите на вашиот лекар.

Освен лековите што би ви ги препишал лекар, не постои нешто што магично и инстантно ќе ви го реши проблемот со високиот крвен притисок.

Но, можете да направите некои промени во секојдневието кои ќе ви помогнат да го контролирате:

  • Ослабете ако имате вишок килограми
  • Редовно вежбајте
  • Хранете се здраво
  • Ограничете го внесот на сол
  • Ограничете го внесот на алкохол
  • Спијте доволно
  • Намалете го стресот
  • Редовно проверувајте го крвниот притисок
  • Намалете со цигари или оставете ги

kako-da-go-namalite-krvniot-pritisok-i-kolku-e-opasen-po-zdravjeto-06_copy.jpg

Каква штета предизвикува крвниот притисок и кога треба да одите на лекар?

Колку подолго имате висок крвен притисок кој не го контролирате, толку поголема штета може да настане на срцето и крвните садови, но и други делови од телото.

Неконтролираниот крвен притисок може да предизвика компликации како:

  • Инфаркт или мозочен удар
  • Аневризма
  • Откажување на срцето
  • Проблеми со бубрезите
  • Проблеми со очите

Редовното проверување на крвниот притисок е важно, особено ако сте во ризична категорија.

Ако немате проблеми со здравјето, доволно е да го проверувате на лекар на две години.

Не заборавајте дека високиот крвен притисок не предизвикува симптоми секогаш, па ако не го проверите, нема да знаете кога ќе ви биде покачен.

kako-da-go-namalite-krvniot-pritisok-i-kolku-e-opasen-po-zdravjeto-07.jpg

Може ли да се спречи појавата на висок крвен притисок?

Можете значително да го намалите ризикот од висок крвен притисок ако водите поздрав живот.

Односно, следете ги истите совети за намалување на високиот крвен притисок и помали се шансите да се соочите со овој проблем.

kako-da-go-namalite-krvniot-pritisok-i-kolku-e-opasen-po-zdravjeto-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg