„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“

Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели дека оваа „диета“ ѝ го подобрила здравјето. Но, лекарите и нутриционистите сметаат дека ова е еден од најлошите начини на исхрана.

avstralijka-40-dena-konsumirala-samo-sok-od-portokal-i-tvrdi-deka-sega-e-pozdrava-kolku-e-shtetna-ovaa-dieta-01.jpg

Австралијката Ана Озборн вели дека 40 дена пиела само сок од портокал, без да консумира никаква друга храна и тврди дека се чувствува многу поздраво.

Додека дел од нејзините следбеници ѝ велат дека им била инспирација, експертите предупредуваат дека оваа „диета“ може да предизвика низа проблеми со здравјето.

Ана Озборн од Квинсленд, Австралија е таканаречен фрутаријанец, односно не јаде ништо освен овошје.

Овој начин на исхрана е критикуван од лекарите и нутриционистите бидејќи со овошјето не се внесуваат бројни неопходни хранливи состојки.

И покрај ова, постојат многу луѓе како Ана, која пак, решила да оди еден чекор подалеку.

Кон крајот на минатиот месец, таа сподели видео во кое открива дека во период од 40 дена не консумирала апсолутно ништо освен сок од портокал.

Ана тврди дека почувствувала бројни здравствени придобивки, па дури и дека целото искуство било духовно.

„Почувствував емоционални придобивки, физички придобивки и духовни придобивки.

Ова е начин да се поврземе со нашето внатрешно јас, период на рефлексија, период на погледнување во себе во кој истовремено имате и одлично физичко здравје, многу енергија и благосостојба.

Кога јадам само еден вид овошје, ми помага да ја ценам разновидноста на овошјата што ни се достапни. И, здравствените придобивки се одлични – многу енергија, прочистување, закрепнување, бистар ум…

Севкупно, прекрасно искуство“, вели таа во видеото.

Во коментари, повеќето корисници ѝ се восхитуваат и ја прашуваат за совети:

„Ти си вистинска инспирација! Само што завршив со 40-дневно прочистување со овошен сок и ги почувствував истите придобивки како тебе“.

„Браво! Планирам 40-дневен пост со вода и многу сум нервозна!“

avstralijka-40-dena-konsumirala-samo-sok-od-portokal-i-tvrdi-deka-sega-e-pozdrava-kolku-e-shtetna-ovaa-dieta-06.jpg

Но, има и по некоја критика:

„Портокалот што го држиш е зелен. Што ти има направено со забите? Би сакала да видам пред и потоа споредба“.

avstralijka-40-dena-konsumirala-samo-sok-od-portokal-i-tvrdi-deka-sega-e-pozdrava-kolku-e-shtetna-ovaa-dieta-02.jpg

Во коментари, Ана открива дека пиела помеѓу еден и еден и пол литар природен сок од портокал дневно додека траел постот.

Експертите се согласуваат дека има придобивки од сокот од портокал – добар е за имунитетот и срцето, а и го поттикнува производството на колаген. Истовремено, поради витаминот Ц, сокот од портокал е и антиоксидант.

Но, факт е дека не треба да се претера ни со работите што ни годат. Ако во текот на денот внесете повеќе од 2.000mg витамин Ц, може да се соочите со проблеми како камења во бубрезите и дигестивни проблеми.

Исто така, со сокот од портокал се внесуваат повеќе шеќери отколку ако го јадете овошјето цело, што дополнително му штети на организмот.

avstralijka-40-dena-konsumirala-samo-sok-od-portokal-i-tvrdi-deka-sega-e-pozdrava-kolku-e-shtetna-ovaa-dieta-03.jpg

Цитрусните овошја како портокалот се и многу кисели, па можат да ги оштетат забите ако се консумираат прекумерно, а можат да предизвикаат и киселини.

Веќе спомнавме дека јадењето само овошје и ништо друго значи дека телото нема да добие неопходни хранливи состојки.

Кога, пак, се консумира само едно овошје, проблемите можат да бидат уште поголеми.

avstralijka-40-dena-konsumirala-samo-sok-od-portokal-i-tvrdi-deka-sega-e-pozdrava-kolku-e-shtetna-ovaa-dieta-07.jpg

Иако постојат луѓе како Ана кои тврдат дека повременото јадење само една храна е добро за здравјето, за ова нема никаков доказ. Напротив, доказите укажуваат дека е многу штетно.

Со овој начин на исхрана се внесуваат многу малку калории. Што значи, можно е да дојде до слабеење, но на нездрав начин.

А, кога ќе се вратите на нормалната исхрана, можно е да се појави таканаречениот „јо-јо“ ефект, односно да ги вратите килограмите, па и да се здебелите повеќе.

Според експертите, придобивки од овој начин на исхрана нема, единствено можат да се појават компликации како проблеми со имунолошкиот систем, анемија, проблеми со дигестивниот систем, слабеење на коските, па дури и појава на хронична болест.

Добар пример за штетноста на овој и сличните начин на исхрана е трагичниот случај со инфлуенсерката Жана Самсонова.

Жана следеше таканаречено „сирово веганство“, односно јадеше само овошје и зеленчук кои не се готвени на никаков начин. На крај, почина од неисхранетост.

Прочитајте повеќе: Сите детали за трагичната приказна на инфлуенсерката што почина од неисхранетост, јадејќи само овошје

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg