Јазикот, усните, ноктите откриваат дали сте здрави

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-povekjeКаква боја е вашиот јазик? Одговорот на ова прашање може да даде доста информации за вашето здравје. Погледнете зошто е важна бојата на јазикот, усните...


...и белките во очите, како и зошто треба да внимавате на веѓите.


1. Јазикот

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-1

Што е здраво: црвенкасто розова боја

Што не е здраво: Бела, сива или кафена боја. Може да е резултат на бактерии или проблеми со желудникот. Ако по целиот јазик имате бел слој можно е да сте дехидрирани.

Помош: Со четка за заби нежно отстранете ги наслагите од јазикот. Ако бактериите се размножат повторно, посетете лекар. Ако ви е сува устата, пијте повеќе вода.


2. Очи

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-2

Што е здраво: сјајни белки, мазни капаци.

Што не е здраво: Црвени, осетливи белки. Може да укажуваат на намалена влажност на окото како резултат на хормонални промени или апчиња за контрацепција кај жените. Или предолго гледате во мониторот?

Жолтеникава белка може да укажува на проблеми со црниот дроб, како што е хепатит.

Црвени капаци и чешање се јавуваат како резултат на инфекции и алергии.

Помош: Ако имате суви очи консумирајте два пати дневно рибино масло, користет вештачки солзи и навлажнувач за воздухот во зима.


3. Усни

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-3

Што е здраво: Нешто поцрвени од тонот на вашата кожа.

Што не е здраво: Необично бледи усни укажуваат на недостиг на железо. Ранички на краевите на усните се резултат на недостаток на витамин Б12.

Помош: И железото и витамините ги има во месото и млечните производи. Железото може да се најде во грашокот и темно зелените зеленчуци.


4. Веѓи

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-4

Што е здраво: Еднаков раст по целата должина.

Што не е здраво: Истенчување на веѓите. Ако не сте ги исчупале вие самите, недостатокот на веѓите може да биде последица на болести на штитната жлезда.

Помош: Посетете лекар и проверете ја работата на штитната жлезда.


5. Нокти

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-5

Што е здраво: Цврсти нокти во бојата на кожата.

Што не е здраво: Ако ноктите се кршливи, ова може да е последица на стрес. Зелените промени често се врзани со инфекции, а модри со циркулацијата. Недостатокот на хранливи материи се рефлектира со бели точки и бразди по ноктите.

Помош: Обидете се ноќе да спиете барем 7 часа. Освен тоа, внимавајте на исхраната.

Би можело да ве интересира:

Зошто се појавува и како се лекува тахикардијата - Дали нетретирањето на овој проблем може да го ошт... Срцето силно ви чука, имате вртоглавица, болка во градите и чувствувате гушење? ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои се најчестите симптоми на рана менопауза и зошто се јавува? Кога менопаузата се јавува пред 45-тата година од животот, тогаш се нарекува ран...
Што е атаксија-телангиектазија, болеста со којашто се бори нашиот херој Кико? Атаксија-телангиектазија е ретка наследна болест која се карактеризира со слаба ...
Што е витилиго - како да го препознаете и третирате? Додека научниците ги проучуваат гените на луѓето со витилиго за да откријат што ...
Зошто имате зуење во ушите и дали е знак за нешто сериозно? Постојат разни причини за појава на тинитус, односно зуење во ушите – од многу г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg