Слабејте и додека сте на работното место

slabejte-i-dodeka-ste-na-rabotnoto-mesto-povekjeАко работата ви одзема многу време, па не стигнувате редовно да вежбате, тоа не значи дека не можете да ја држите телесната тежина под контрола.


Неколку вежби кои се соодветни за изведба во канцеларија можат да ви помогнат да останете во форма.

Кревајте ги колената
Калории можете да трошите и кога седите цел ден. Со наизменично подигнување на колената под работната маса неколку сантиметри над подот ќе ги затегнете мускулите на нозете и ќе се истегнете, што спречува појава на грчеви.

slabejte-i-dodeka-ste-na-rabotnoto-mesto

Стегнете ги стомачните мускули
Стомачните мускули можете да ги тренирате и додека стоите, а најдобро од сè е што никој нема да знае дека го правите тоа. Стегнувајте ги и опуштајте ги стомачните мускули во интервали од по неколку секунди.

Движете се додека телефонирате
Позитивната страна на работата која од вас бара често да телефонирате е во тоа што можете дополнително да согорите калории. Следниот пат кога некој ќе ве повика, станете и шетајте додека разговарате.

Џвакајте мастика
Додека седите покрај компјутерот нема да ви пречи ако џвакате мастика. Покрај тоа што ги активира мускулите на вилицата, мастиката ве спречува да посегнете по грицки, а според некои истражувања ја подобрува и концентрацијата.

Девојки, носете штикли
Иако често носењето на штикли не е добро за `рбетот, штиклите можат да ви ги затегнат мускулите на нозете и дополнително да потрошите некоја калорија. Одењето на високи потпетици ги активира мускулите многу повеќе отколку кога носите патики.

Почесто станувајте
Кога и да имате можност да станете на работа, искористете ја. На тој начин ќе се истегнете и ќе се размрдате.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
6 навики со кои ќе ги регулирате хормоните (без лекови) Сончевата светлина ги активира хормоните кои имаат влијание врз расположението и...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...
Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg