Храна со лоша репутација

hrana-so-losa-reputacija-povekjeПогледнете кои 4 типови храна често ги ставаме во категорија непожелни и помалку здрави опции, а всушност не се. Ова е храната за која што...


...некои мислат деке нема доволно хранливи состојки или дека брзо ќе ги здебели, па трудејќи се да водат поздрав живот неправедно ја избегнуваат...


Замрзнат зеленчук

hrana-so-losa-reputacija-1

Последните истражувања покажаа дека нивото на одредени антиоксиданси и минерали, вклучувајќи го и калилиумот кој го регулира крвниот притисок, се зголемува со замрзнување на зеленчуот.

За задржување на корисните состојки се смета дека наместо комплетот од неколку вида зеленчук, подобро да се замрзнува само еден вид зеленчук одеднаш.


Суво овошје

hrana-so-losa-reputacija-5

Сувото овошје е обично овошје кое не содржи толку вода. Добар избор е секое суво овошје кое е незашеќерено, односно без додатоци.

Сепак, најдобриот избор се сувите смокви, две суви смокви имаат само 100 калории, а се полни со хранливи состојки, со нив внесувате 20% од дневните потреби за хранливи влакна, како и многу калиум, калциум и железо.

Сувите смокви се богати со полифеноли, вид антиоксиданси кои ве штитат од срцеви болести и рак.

За здрав почеток на денот појадокот нека ви биде комбинација од житарици со суви смокви, кајсии, урми, сливи и слично.


Компир

hrana-so-losa-reputacija-3

Еден голем компр со лушпа дава 25% од дневните потреби за витамин Ц, како и 15-20% од потребите за витамин Б6, бакар и повеќе калиум отколку една банана.

Копмирот ве заситува на подолго време, а не претставува голема закана за вашата линија бидејќи еден поголем печен компир има околу 130 калории, што е само 6% од дневните потреби на возрасен човек.


Банани

hrana-so-losa-reputacija-4

Од банани бегаат оние кои се на диета. Да, точно е дека бананите имаат помалку вода отколку другите видови овошје, што значи и дека имаат повеќе калории од на пример лубеницата.

Но, дури и ако внимвате на линијата никако не треба да ги исклучите од дневното мени.

Бананите немаат маснотии, холестерол или натриум.

Затоа пак се богати со калиум кој го регулира крвниот притисок и се извор на витаминот Б6 кој го регулира нивото на шеќер во крвта, витамин Ц за подобар имунитет и хранливи влакна за  подобра работа на дигестивниот систем и намалување на холестеролот.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg