Како да почнете диета?

kako-da-pocnete-dieta-povekjeРазмислете за тоа, крајно време е нешто да преземете и еднаш за секогаш да се изборите со вишокот на килограми. Се мачите со денови...


...го одложувате почетокот, а килограмите полека се додаваат.

kako-da-pocnete-dieta

Треба да знаете дека многумина добиваат по некој килограм повеќе од моментот кога ќе одлучат дека за кусо време ќе почнат со диета. Затоа бидете подготвени и почнете веднаш.

Диетата за многумина  е стрес бидејќи постојано размислуваат за тоа колку е напорно, колку многу забрани има, како ќе бидат гладни и ќе ја посакуваат храната, а ќе им биде забранета.

- Честите почетоци и откажувања се последица од изборот на несоодветни диети , премногу строги прогрми кои само за кусо време можат да се издржат.

- Дебелите луѓе не се мрзливи, тие имаат пореметување во исхраната. За да ја победите таквата состојба и да успеете да ја контролирате гладта, или апетитот потребно е време и соодветен начин на исхрана кој ќе ви биде само вам прилагоден. Можеби до сега не сте се соочиле на вистински начин со својот проблем, нешто правите погрешно и затоа резултатите изостануваат. Ако до крај не сте ја разбрале причината за својата дебелина и барате изговор во метаболизмот, наследството, неможноста да спроведете диета, тогаш сигурно до крај не сте ја расветлиле причината за своите лоши навики.

Неколку совети за самопомош:

1. Намалете ја количината на храна што ја внесувате во текот на денот.

2. Запишете се што сте изеле во текот на денот.

3. Дефинирајте ги своите лоши навики.

4. Искрено напишете ја причината поради која најмногу јадете и кога се случува тоа.

5. Пробајте да се сопрете, а ако не можете, запишете зошто храната ве победила.

6. Искрено набљудувајте се без осудување, важно е да ја разберете причината поради што и кога јадете.

Со среќа!

Би можело да ве интересира:

Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната? Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да б...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)? Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg