5 причини за порција заразни пуканки

5-pricini-za-porcija-zarazni-pukanki-povekjeМногумина излегувањето во кино не множат да го замислат без порција пуканки и газиран пијалак. Мирисот на белите топчиња го сеќаваме уште на...


...влезот и преставува добредојде кое со задоволство го прифаќаме.

Наместо од пуканките откажете се од газираниот пијалак, бидејќи пуканките можат да бидат корисни во вашата исхрана.

Поради прекумерното солење и путерот нутриционистите често пати не ги истакнуваат пуканките како посакувана намирница во нашата исхрана. Но, ако путерот го замените со маслиново масло или потполно ги исфрлите маснотиите, а солта ја употребите во разумни количини, пуканките можат да бидат корисен додаток во исхраната.

Бидејќи се со неутрален вкус може да се зачинат со мелено оригано, рузмарин или мелено чили пиперче, лук во прав...

Ова се својствата на пуканките:

5-pricini-za-porcija-zarazni-pukanki

1. Имаат антиоксидантно делување. Најважна активна состојка на пуканките се полифенолите, соединенија кои се спротивставуваат на слободните радикали и ги штитат крвните садови.

2. Богати се со влакна. Целокупните житарици се богат извор на влакна, а како пуканките се добиваат од цело зрно на пченка не ги губи нејзините хранливи вредности. Препораката за дневни влакна се 20 – 35 грама на ден, а шолја испечени пуканки има два грама влакна.

3. Сиромашни се со калории. Незачинетите пуканки имаат ниска калорична вредност. Но бројот на калории не зависи од начинот на подготовка па самите можете да одлучите дали ќе имате „најдиетални“ грицки или нешто покалоричен залак. Доколку не се подготвени на путер имаат околу 90 калории по порција, кои зависно од додадените маснотии, може да се искачат на 300 калории.

4. Не содржат шеќер. Токму поради отсутноста на шеќерот се идеални како грицки. Бисквитите, чоколадото и останатите слатки во моментот даваат енергија, но набргу ја спуштаат поради што би требало да се избегнуваат во случаи кога за кратко треба да го залажеме желудникот.

5. „Го впиваат“ пивото. Таа способност на пуканките е поради високата содржина на влакна. Освен што одлично го надополнуваат овој пијалак, тие го намалуваат штетното дејство на алкохолот на системот за варење.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Луѓе кои имале рак споделуваат кои симптоми посакуваат да не ги игнорирале „Ненадејно слабеење. Прво ми годеше, но набрзо сфатив дека е предупредувачки зна...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
5 работи со кои го нервирате вашиот лекар (и си го загрозувате здравјето) Го одложувате одењето на лекар и сами ја прекинувате терапијата без да се консул...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg