Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Барате изговор да не си одите и уште 4 промени во однесувањето на работа кои се знак за депресија

Дали во последно време како да не ви е гајле дали ќе сработите нешто? Или пак можеби забележувате друг екстрем и си задавате премногу обврски, само за да не мора да си одите дома?

barate-izgovor-da-ne-si-odite-i-ushte-4-promeni-vo-odnesuvanjeto-na-rabota-koi-se-znak-za-depresija-01.jpg

Иако мислиме дека можеме да ја препознаеме, депресијата не секогаш е очигледна.

Промените во расположението што ги предизвикува може да се случат постепено, па да не ви биде јасно зошто се чувствувате лошо.

Ако забележите некоја од следниве промени на работа, можеби страдате од депресија:

Си давате премногу обврски за да останете подолго на работа

Депресијата се манифестира различно кај секого – кај некои може лошо да влијае врз перформансот на работа, додека други може да одат до друг екстрем и да станат воркахолици.

Во вториот случај, луѓето може да почнат да работат повеќе од вообичаено само за да се оттргнат од лошите мисли и да имаат изговор да се задржат подолго на работа.

Ги избегнувате колегите

Ако отсекогаш сте биле поинтровертна личност, тоа е сосема во ред. Но, ако одеднаш почнувате да ги избегнувате колегите, без разлика дали на пауза или избегнувате корпоративни забави, можеби треба да обрнете повеќе внимание на менталното здравје.

Изолирањето е чест симптом на депресија, без разлика дали приватно или во професионално опкружување.

barate-izgovor-da-ne-si-odite-i-ushte-4-promeni-vo-odnesuvanjeto-na-rabota-koi-se-znak-za-depresija-03.jpg

Перформансот ви е намален

Како што спомнавме претходно, кај некои луѓе депресијата се одразува негативно врз перформансот на работа.

Ако ви е тешко да се фокусирате, почесто правите грешки, па дури ви се случува и да се успиете за на работа, дефинитивно треба да почнете да размислувате за менталното здравје.

Ова е особено важно ако претходно сте биле навистина добар работник кој секогаш покажувал резултати.

Тешко ви е да го контролирате темпераментот на работа

Депресијата не е секогаш само тага и плачење, туку може да предизвика и други емоции, како гнев.

Ако забележувате дека веќе не сте толку толерантни на работа, ако често избувнувате и имате конфликти со колегите и надредените, најдобро да се консултирате со професионалец.

barate-izgovor-da-ne-si-odite-i-ushte-4-promeni-vo-odnesuvanjeto-na-rabota-koi-se-znak-za-depresija-02.jpg

Веќе не уживате во работата

Ако сте си ја сакале работата, но сега едвај се терате да станете од кревет, сигурно се сочувате со некој проблем.

Можеби и барате начин да избегнувате обврски, да ги игнорирате важните задачи бидејќи немате енергија за нив и генерално воопшто да не ви е гајле дали ќе сработите нешто.

Што да правите ако мислите дека имате депресија?

Штом негативните емоции ве обземаат и забележувате дека ви влијаат врз секојдневието, препорачливо е да се консултирате со лекар.

Самите не можете да си дијагностицирате депресија, но ако вашиот терапевт ви потврди дека сте депресивни, може да ви помогне.

Депресијата е нарушување кое може да се излечи, само вие треба да го направите првиот чекор и да побарате помош.

Ако имате блиски колеги, споделете ги вашите грижи со нив за и на работа да ја добиете поддршката што ви е потреба.

barate-izgovor-da-ne-si-odite-i-ushte-4-promeni-vo-odnesuvanjeto-na-rabota-koi-se-znak-za-depresija-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Необични однесувања кои некогаш се знак за скриена депресија Не чувствувате ништо – рамнодушни сте кон работи кои претходно ве правеле среќи ...
9 работи што ги прават докторите кога патуваат за да не се разболат Носат заштитна маска на места со многу луѓе, како аеродром, и постојано ги мијат...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
8 суптилни симптоми на депресија кај мажите (не покажуваат тага, туку бес) Мажите со депресија често не покажуваат тага. Наместо тоа, можеби ќе изгледаат п...
Депресија за време на бременост – кои жени се изложени на најголем ризик и како да ја препознаете? Пренаталната депресија е ментално нарушување за време на бременоста и важно е да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg