Лоши хигиенски навики кои се многу поштетни отколку што мислите

Делите четка за заби или брич со друга личност

Некогаш е добро да бидете себични, особено кога станува збор за производи за хигиена.

Ако делите четка со некој, имајте на ум дека си ги разменувате бактериите од устата и или вие или другата личност може да си предизвика инфекција и орални проблеми.

Истото е и со бричевите – ако ги делите, ризикувате да добиете инфекција на кожата.

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite-07.JPG

Не ги менувате валканите крпи

Во ред е да користите иста крпа по две-три туширања, но потоа мора да ја смените бидејќи поради влагата, на неа ќе се развијат бактерии кои можат да ви предизвикаат проблеми.

Ако, пак, сте користеле крпа во теретана за да ја бришете потта, мора да ја исперете по една употреба.

Исто така, не треба да делите крпи со друга личност, без разлика дали тоа е партнер, дете или член на семејството. Како со бричевите и четките за заби, ризикувате да си пренесете некоја инфекција.

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite-08.jpg

Не го миете шишето за вода

Можеби мислите дека штом го користите шишето само за вода, тогаш нема потреба да го миете често.

Но, поради влагата, на него лесно се акумулираат бактерии кои можат да ви создадат секакви дигестивни проблеми.

Мора темелно да го измиете шишето по секоја употреба, исто како и останатите садови.

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite-09.JPG

Не ги миете овошјето и зеленчукот

Ако одгледувате ваши овошје и зеленчук кои знаете дека не се прскани, тогаш не мора многу да се оптоварувате со темелно миење.

Но, овошјето и зеленчукот што ги купувате од продавница или пазар, мора да ги измиете темелно, дури и ако ви тврдат дека не се прскани. Не можете да знаете во какви магацини и кутии биле складирани пред да ги купите, па најдобро е да не ризикувате.

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite-0_copy.JPG

Предолго ги оставате тампоните

Идеално е да ги менувате тампоните на секои четири часа, а никогаш не треба да ги оставате подолго од осум часа.

Во спротивно може да се соочите со синдром на токсичен шок – инфекција која може да биде животозагрозувачка.

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg