Лоши хигиенски навики кои се многу поштетни отколку што мислите

Често го прескокнувате миењето на забите навечер и не ги менувате тампоните со часови - со кои лоши навики си го ризикувате здравјето?

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite01.jpg

Повремено во ред е да направите некоја грешка во одржувањето на хигиената. Но, кога ова ќе се претвори во навика, ризикувате да си предизвикате разни проблеми со здравјето.

Лоши хигиенски навики кои се многу поштетни отколку што мислите:

Го прескокнувате миењето на забите

Ако не ги измиете забите пред спиење, бактериите, киселините и шеќерите од храната што сте ја јаделе во текот на денот ќе почнат да ги оштетуваат забите.

Доколку ви стане навика да го прескокнувате миењето, постепено ќе почнете да се соочувате со потечени и крвави непца, лош здив, но и кариес. Кариесот, пак, може да допре до нервот на забот и ако не се третира, може дури и да го изгубите забот.

Имајте на ум и дека низа истражувања потврдуваат дека проблемите со забите и непцата можат да доведат и до други заболувања, како проблеми со срцето.

Подеднакво важно е и навечер да ги чистите забите со конец.

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite-02.JPG

Ретко се туширате

Од една страна, не е препорачливо секој ден да се туширате со многу топла вода и „посилни“ шампони и сапуни бидејќи ќе ја исушите кожата.Но, од друга, исто штетно (а може и поштетно) е нередовното туширање, и тоа не поради непријатниот мирис.

Бактериите брзо се размножуваат на телото, а кога не се туширате, им овозможувате и храна, па ќе се соочите со иритација, чешање и слично. Ако, пак, веќе имате проблеми со кожата, како егзема, нередовното туширање ќе ги влоши симптомите.

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite-03.JPG

Си легнувате со шминка

Сигурно досега стопати сте слушнале дека не треба да си легнувате со шминка, но вреди да се повтори уште еднаш.

Ова е можеби најлошото нешто што можете да ѝ го направите на кожата на лицето. Спиењето со шминка ќе ги затне порите и ќе предизвика појава на мозолчиња, додека креонот и макарата можат да ги оштетат очите ако спиете со нив.

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite-04.jpg

Ретко ја менувате постелнината

Постелнината е идеална за размножување бактерии кои, пак, можат да предизвикаат безброј проблеми со кожата, но и други проблеми со здравјето.

Мора да ја менувате постелнината барем еднаш на две недели, но и почесто ако се потите навечер.

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite-05.JPG

Не ги вадите контактните леќи по неколку денови

Ако ги носите контактните леќи неколку денови без воопшто да ги извадите, ризикувате да добиете инфекција на очите, па дури и да си предизвикате сериозни проблеми со видот.

Во поекстремни случаи, можете да си направите и рана на окото, која ако не се третира, може да бара и трансплантација на рожница.

loshi-higienski-naviki-koi-se-duri-i-poshtetni-otkolku-shto-mislite-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg