Рана појава на брчки и уште 6 знаци дека во телото имате малку колаген

Раната појава на брчки, но и кршливите нокти се дел од знаците дека во вашето тело не се лачи доволно колаген. Во овој случај, можете да се консултирате со лекар за соодветни суплементи.

rana-pojava-na-brchki-i-ushte-6-znaci-deka-vo-teloto-imate-malku-kolagen-01.jpg

Колагенот е протеин кој е најзастапен во организмот – од сите протеини во телото, околу 30% се колаген.

Тој е главна градбена единка на кожата, мускулите, коските и сврзните ткива, а исто така е присутен и во органите, крвните садови и цревата.

Оттука, јасно е дека колагенот е важна состојка, па ако го нема доволно во организмот, ќе има последици.

Со возраста, нивото на колаген во организмот се намалува, па затоа популарни стануваат и суплементите со колаген. Но, од разни причини, колагенот во организмот може да се намали и на порана возраст, па важно е да бидете свесни за симптомите.

Ако ги забележувате, консултирајте се со лекар за суплементи. Исто така, имајте на ум дека колагенот е од животинско потекло, па ако сте веган или вегетаријанец нема да можете да ги пиете суплементите. Но, можете да истражете за суплементи кои го поттикнуваат лачењето колаген во телото.

Кои се знаците дека на телото можеби му треба повеќе колаген?

Линии и брчки на лицето

Кога е намалено нивото на колаген, се намалува цврстина и еластичноста на кожата, па се јавуваат брчки.

Со годините, ова е нормална појава, но ако почнат да ви се јавуваат брчки на многу рана возраст, можеби имате намалено ниво на колаген.

Опуштена кожа и црвени точки на нозете

Веќе спомнавме дека колагенот ѝ ја дава цврстината на кожата, па кога неговото ниво е намалено, таа може да изгледа опуштено. Ова е најзабележливо кај образите, вилицата и вратот.

Ниското ниво на колаген некогаш може да предизвика и црвени точки на кожата, како по депилација.

rana-pojava-na-brchki-i-ushte-6-znaci-deka-vo-teloto-imate-malku-kolagen-02.JPG

Сува кожа

Колагенот е потребен за кожата да биде хидрирана, затоа, кога неговото ниво е пониско, може да забележите сувост.

Бавно заздравување на рани

Колагенот има важна улога во обновувањето на кожата. Ако забележите дека раните, гребнатините, па и модринките на телото ви зараснуваат побавно, можеби има ниско ниво на колаген.

rana-pojava-na-brchki-i-ushte-6-znaci-deka-vo-teloto-imate-malku-kolagen-3.JPG

Кршливи нокти и тенка коса

И состојбата на косата и ноктите зависи од колагенот, односно кога неговото ниво е намалено тие стануваат кршливи.

Болка и вкочанетост во зглобовите

Покрај неговата улога во состојбата на косата и кожата, колагенот е клучен и за здравјето на зглобовите. Неговото намалено ниво може да доведе до вкочанетост и болка.

rana-pojava-na-brchki-i-ushte-6-znaci-deka-vo-teloto-imate-malku-kolagen-04.JPG

Дигестивни проблеми

Колагенот се наоѓа и во дигестивниот систем, поточно цревата, па намаленото ниво може да предизвика дигестивни проблеми.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg