Како да ги избегнете проблемите со колената (што ги имаат скоро сите)?

Немојте нагло да почнувате со вежбање по долг период на неактивност и ако чувствувате болка, немојте да ја игнорирате. Како да ги спречите проблеми со колената, што се чини дека ги имаат сите?

kako-da-gi-izbegnete-problemite-so-kolenata-shto-gi-imaat-skoro-site-01.jpg

Кај возрасните, едни од најчестите проблеми се проблемите со колената.

Главно овие проблеми се предизвикани од секојдневни активности, како одење, клекнување, станување, кревање тешки предмети…

Притоа, може да се јават и кај луѓе кои се многу физички активни, но и поради недостаток од физичка активност.

Што значи, голема е веројатноста во текот на животот да се соочите со некаков проблем поврзан со колената, но добрите вести се дека има начин и да го намалите ризикот.

Неколку совети од експерти:

Немојте нагло да почнувате со интензивна физичка активност

Една од најчестите грешки што ја прават луѓето е што по долг период на неактивност, нагло почнуваат со интензивно вежбање. Ако долг период не сте вежбале, немојте да се форсирате и почнете полека.

На пример, доколку сакате да трчате, почнете со кратко џогирање и постепено зголемувајте го времето. Ако сакате да вежбате со тежина, почнете со помала килажа, дури и ако мускулите на нозете ви се доволно силни за поголема.

Не ја занемарувајте болката

Болката е сигнал со која телото ни кажува дека има некаков проблем. Па, ако забележувате болка во коленото, без разлика дали остра, тапа, силна или слаба, не чекајте само да помине.

По вежбање, можно е да чувствувате мала болка во колената, но ако се јави одеднаш, секогаш е добро да се консултирате со експерт.

kako-da-gi-izbegnete-problemite-so-kolenata-shto-gi-imaat-skoro-site-02.jpg

Не го прескокнувајте загревањето пред вежбање

Пред каква било физичка активност, секогаш е важно да се загреете, односно да направите некои лесни вежби за истегнување.

На овој начин ќе ги подготвите зглобовите, но и мускулите за физичката активност со што ќе се намали ризикот од повреди.

Хранете се здраво

Сигурно веќе знаете, но вреди да се повтори дека здравата исхрана е неопходна за целокупното здравје, вклучително и на колената. Храната богата со антиоксиданти и витамини им годи на зглобовите.

Исто така, имајте на ум дека прекумерната тежина им создава дополнителен притисок на колената, а со здрава исхрана ќе можете да ја регулирате и да го решите овој проблем.

kako-da-gi-izbegnete-problemite-so-kolenata-shto-gi-imaat-skoro-site-03.jpg

Правилно изведувајте ги вежбите во теретана

Навистина е важно правилно да ги изведувате вежбите, особено оние со тежина, не само поради ефикасноста, туку и за да се заштите од повреди.

Ако сте почетник, мора да го имате ова предвид и секогаш е подобро да се консултирате со тренер или поискусна личност.

Немојте да клечите на тврди површини

Избегнувајте да клечите на колена на тврди површини, без некаква заштита.

Колената се чувствителни на притисок, па ако често се потпирате со целата тежина на нив, кога-тогаш ќе се соочите со проблем.

kako-da-gi-izbegnete-problemite-so-kolenata-shto-gi-imaat-skoro-site-04.jpg

Немојте постојано да правите исти вежби

Не треба да се ограничите само на еден спорт, пример трчање, или само еден тип вежби бидејќи со ова им создавате премногу напор на колената и со текот на времето ќе ги оштетите.

Ако сакате да трчате, тогаш комбинирајте ја оваа активност со јога, пилатес или теретана. Ако вежбате само во теретана, секој ден правете вежби за различни мускулни групи.

На овој начин ќе му дадете време на телото да закрепне, но и ќе ги зајакнете сите мускули подеднакво.

Не престанувајте со секаква физичка активност ако имате артритис

Ако болката во коленото ви е предизвикана од артритис, немојте целосно да прекинете со физичка активност. Низа истражувања покажале дека важно е да се движите за да ги зајакнете мускулите, и со тоа да ја намалите болката.

Секако, не се форсирајте – ако имате артритис, вашиот лекар ќе ви каже која физичка активност може да биде соодветна за вас.

kako-da-gi-izbegnete-problemite-so-kolenata-shto-gi-imaat-skoro-site-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg