8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време)

Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето тело веќе е дехидрирано и покрај вода, преку потењето сигурно сте изгубиле и важни материи како магнезиум и натриум.

8-raboti-koi-nikako-ne-treba-a-gi-pravite-koga-e-mnogu-zheshko-duri-i-ako-ne-vi-prechi-toplo-vreme-01.jpg

Колку и да го сакаме летото, високите температури кои изминативе неколку години достигнуваат и 39-40 степени Целзиусови, си носат низа ризици по здравјето.

Топлотниот удар е едно од најлошите нешта што може да ви се случи, но овде се и други состојби како дехидратација.

Кај постарите и лицата со веќе постоечки здравствени проблеми, екстремно високите температури можат да бидат и фатални.

Добрите вести се дека има начин да се заштитите, дури и ако треба да излезете надвор кога е многу жешко.

Што НЕ треба да правите на топло време, за да бидете безбедни?

Не ја гледајте само температурата на воздухот

Повеќето обрнуваат внимание само на температурата на воздухот кога ја проверуваат прогнозата.

Но, секогаш треба да обрнувате и внимание на УВ индексот – ова покажува колку е високо (и штетно) зрачењето од сонцето.

Исто така, повеќето апликации за прогноза покажуваат и која температура се чувствува, во зависност од други фактори. Ако, на пример, температурата е 38 степени, но има и ветар, тогаш ќе се чувствува како да е некој степен пониска.

Во лето, кога планирате нешто, секогаш проверете ги сите параметри што ги нуди апликацијата за прогноза.

8-raboti-koi-nikako-ne-treba-a-gi-pravite-koga-e-mnogu-zheshko-duri-i-ako-ne-vi-prechi-toplo-vreme-02.JPG

Не дозволувајте да почувствувате жед

Штом чувствувате жед, тоа значи дека вашето тело веќе е дехидрирано. А, кога се потите во лето, не губите само вода, туку и важни материи како натриум, калиум и магнезиум.

За да не дојдете до ваква ситуација, во лето секогаш носете шише вода. Ако се испотите или очекувате да се испотите многу, во аптека побарајте електролити.

8-raboti-koi-nikako-ne-treba-a-gi-pravite-koga-e-mnogu-zheshko-duri-i-ako-ne-vi-prechi-toplo-vreme-03.JPG

Не пијте алкохол

За многумина, уживањето на плажа не е комплетно без пиво или коктел.

Но, во најжешкиот период од денот, пробајте да се воздржите од алкохол, или ограничете се на само една пијачка.

Кога е многу топло, алкохолот ќе ве дехидрира побрзо од вообичаено, а ова може да биде сериозен проблем.

8-raboti-koi-nikako-ne-treba-a-gi-pravite-koga-e-mnogu-zheshko-duri-i-ako-ne-vi-prechi-toplo-vreme-04.JPG

Не излегувајте кога e најжешко

Пробајте да си го организирате времето така што не мора да излегувате надвор кога температурите се највисоки, односно од пладне до кај 16 часот.

Одење во продавница, работа во дворот и сè слично, одложете за кога температурите (но и УВ индексот) ќе бидат барем малку пониски.

8-raboti-koi-nikako-ne-treba-a-gi-pravite-koga-e-mnogu-zheshko-duri-i-ako-ne-vi-prechi-toplo-vreme-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg