8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време)
Не стојте долго на сонце без пауза
Ако сте излезени, дури и кога не е најжешко, немојте постојано да стоите на сонце.
За да ги спречите потенцијалните проблеми, правете паузи без разлика дали ќе застанете неколку минути под сенка или ќе влезете во продавница или некоја климатизирана просторија.
Не ја заборавајте заштитата од инсекти
Кога е најтопло, и инсектите се мошне активни.
Па, ако одите во природа, понесете средства против инсекти и носете соодветна облека која ќе ве заштити од крлежи и слични штетници.
Никако не го прескокнувајте кремот со фактор
Не се проблем само брчките, изложеноста на сонце без заштита драстично го зголемува ризикот од рак на кожа, особено ако изгорите.
Во најтоплите денови, ставајте крем со фактор од најмалку 30 и не заборавајте да го нанесете на сите делови од телото што ви се изложени на сонце.
Не заборавајте дека некои лекови реагираат со топлина
Некои лекови, како антидепресиви и антихистамини, можат да имаат влијание врз толеранцијата на топлина.
Некои лекови може да ве направат почувствителни на топлина, па дури и да предизвикаат проблеми со кожата, како исип.
Затоа, ако примате каква било терапија, разговарајте со вашиот лекар и слушајте го ако ви даде некаква препорака.
Прочитајте и: Кои се симптомите дека имате топлотен удар и како влијаaт високите температури врз човечкиот организам?
Спирова С. | Црнобело
