Дали хималајската сол е поздрава од готварската (и дали навистина има и до 84 минерали)?

Изминативе неколку години, хималајската сол стана мошне популарна, најмногу бидејќи се прошири верувањето дека од неа има многу здравствени придобивки. Колку вистина има во овие тврдења?

dali-himalajskata-sol-e-pozdrava-od-gotvarskata-i-dali-navistina-ima-84-minerali01.jpg

Иако постојат разни видови сол, кај нас секогаш најпопуларна била обична бела готварска сол. Многумина користат и морска сол, а во нашата кујна како зачин се користи и таканаречената шарена сол.

Но, изминативе неколку години мошне популарна станува хималајската сол, не само поради специфичната розова боја, туку и потенцијалните здравствени придобивки.

Што точно претставува хималајската сол и колку е добра за здравјето?

Што е хималајска сол?

Хималајската сол е розова сол која се собира од област во Пакистан, во подножјето на Хималаите.

Се претпоставува дека рудниците за сол се формирале пред милиони години и се остатоци од праисториска лагуна.

Розовата боја на солта е поради минералите што ги содржи.

dali-himalajskata-sol-e-pozdrava-od-gotvarskata-i-dali-navistina-ima-84-minerali-05.JPG

Што содржи хималајската сол?

Хималајската сол не содржи калории или хранливи материи како протеини, масти, јаглехидрати и слично. Во најголема мера, како и секоја сол, хималајската сол содржи натриум.

Многу брендови рекламираат дека во хималајската сол има 84 минерали.

Но, важно е да се нагласи дека ова се траги од разни минерали, односно во многу мала количина, и не значи дека ќе имаат некаков ефект врз здравјето.

Овие минерали се калциум, калиум, магнезиум…

dali-himalajskata-sol-e-pozdrava-od-gotvarskata-i-dali-navistina-ima-84-minerali-06.JPG

Кои се здравствените придобивки од хималајската сол?

Треба да се нагласи дека се направени малку истражувања за придобивките од хималајската сол, па не треба да верувате дека волшебно ќе ви го подобри здравјето.

Хималајската сол содржи натриум кој е неопходен за правилно функционирање на организмот. Но, мнозинството луѓе внесуваат повеќе натриум од потребното, преку многу солена и преработена храна.

Точно е дека хималајската сол содржи повеќе минерали од обичната кујнска сол, но како што спомнавме, оваа количина е многу мала.

Односно, во комбинација со здрава храна, можеби ќе почувствувате ефект, но не можете да се потпирате само на минералите во хималајската сол.

Се зборува дека хималајската сол штити од респираторни болести, го забавува стареењето, го подобрува сонот, па дури и дека го зголемува либидото.

Но, ништо од ова не е научно потврдено.

dali-himalajskata-sol-e-pozdrava-od-gotvarskata-i-dali-navistina-ima-84-minerali-03.JPG

Но, мали истражувања покажале дека купка со хималајска сол може да има позитивно влијание врз кожни проблеми, како егзема.

Значи, хималајската сол не е волшебна состојка што ќе ви го подобри здравјето. Но, поради трагите од минералите и тоа што е помалку преработена, има поразличен вкус, па на некои луѓе им е повкусна.

Доколку вам не ви се допаѓа вкусот, тогаш можете да се држите и до обична готварска сол.

Друга разлика е и што кујнската сол обично е јодирана, додека хималајската нема јод.

dali-himalajskata-sol-e-pozdrava-od-gotvarskata-i-dali-navistina-ima-84-minerali-02.JPG

Кои се најчестите митови за хималајска сол?

Хималајска сол има пониско нив на натриум. Нивото на натриум е скоро исто во хималајската и обичната готварска сол.

Хималајската сол е поздрава. Засега нема докази дека хималајската сол е поздрава. Многу поважно (и поздраво) од видот е да не претерувате со јадењето сол.

Хималајската сол го хидрира телото. Ова не може да биде точно бидејќи хималајската сол содржи натриум кој го зголемува волуменот на крвта. Сепак, станува збор за сол и не го хидрира телото.

dali-himalajskata-sol-e-pozdrava-od-gotvarskata-i-dali-navistina-ima-84-minerali-4.JPG

Има ли несакани ефекти од јадење хималајска сол?

Ризиците од хималајска сол се исти како и секој друг вид сол.

Ако внесувате премногу натриум, без разлика дали од морска, хималајска или готварска сол, може да се соочите со низа здравствени проблеми како:

  • Висок крвен притисок
  • Проблеми со срцето
  • Проблеми со бубрезите
  • Остеопороза

За крај, сосема во ред е да користите и хималајска, и обична готварска сол, сè додека тоа е во умерени количини.

Ако хималајската сол ви има подобар вкус, слободно користете ја неа, но не очекувајте да направи чуда за вашето здравје.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg