Популарни „здрави“ совети кои можат да бидат штетни и треба да ги избегнувате

Немојте секој ден да пиете аспирин за срцето ако лекарот не ви препорачал и немојте да мислите дека може да претерате со сол само затоа што користите хималајска.

popularni-zdravi-soveti-koi-mozhat-da-bidat-shtetni-i-treba-da-gi-izbegnuvate-01.jpg

Денес сме бомбардирани со информации од сите страни, особено за здравје.

Некои од советите што се популарни се споделуваат со години, дури и пред ерата на социјалните мрежи но тоа не значи дека се добри или корисни.

Популарни здрави совети кои се всушност штетни:

Секој ден треба да пиете аспирин

Аспиринот може да го намали ризикот од инфаркт или мозочен удар, но само кај некои луѓе.

Повременото пиење аспирин, кога има потреба, е во ред и затоа лекот се продава без рецепт.

Но, секојдневното пиење аспирин не доаѓа без ризици и ова е нешто што мора да го имате предвид.

Освен ако вашиот лекар не ви препорача, немојте да го применувате овој совет.

popularni-zdravi-soveti-koi-mozhat-da-bidat-shtetni-i-treba-da-gi-izbegnuvate-02.JPG

Хималајската сол е поздрава од другите видови сол

Хималајската, готварската и морската сол имаат генерално ист состав.

Можеби хималајската и морската имаат повеќе минерали, но во однос на количеството што се консумира, ова е занемарливо.

Она што е важно е да не претерате со сол, без разлика каква е. Ако користите хималајска сол не значи дека можете да консумирате повеќе.

Кафето е штетно за срцето и не треба да го пиете

Ако сте умерени, пиењето кафе може дури да биде и корисно за срцето.

Па, освен ако вашиот лекар не ви препорача да намалите со кафе или ако самите забележувате дека ви влијае лошо, нема потреба да се откажувате од него.

Она што е важно е да не претерате, како и со сè останато.

popularni-zdravi-soveti-koi-mozhat-da-bidat-shtetni-i-treba-da-gi-izbegnuvate-03.JPG

Ако пиете препорачано количество алкохол, нема да се соочите со проблеми

Секојдневното пиење алкохол, дури и ако е само една пијачка, може да биде штетно.

Ако немате здравствени проблеми, тогаш препорачливо е неделно да не пиете повеќе од 10-тина пијачки.

Но, ако сте повозрасни или веќе имате проблеми со здравјето, количината треба да биде многу помала.

Разбирливо е ако некогаш се опуштите повеќе, но потрудете се ова да не ви стане навика и избегнувајте го честото пиење алкохол, дури и ако е во „безбедна“ количина.

popularni-zdravi-soveti-koi-mozhat-da-bidat-shtetni-i-treba-da-gi-izbegnuvate-04.JPG

10.000 чекори дневно заменуваат вежбање

Постои верувањето дека ако секој ден правите по 10.000 чекори, тогаш ќе го подобрите здравјето и ќе го отстраните лошиот ефект од честото седење. Но, ова не е доволно.

Важно е да одвоите време и за кардиовежби, како брзо пешачење, возење велосипед и слично.

Експертите препорачуваат барем 150 минути неделно – можете да ги поделите на пет дена по 30-тина минути.

Не треба да ја јадете жолчката од јајцата

Жолчката има лоша репутација бидејќи содржи холестерол. Но, во жолчката се наоѓаат мнозинството од другите здрави материи во јајцето кои, пак, се добри за здравјето.

Ако сте умерени, тогаш слободно јадете ја и жолчката.

Секако, доколку лекар ви препорача да ја прескокнувате поради одредени здравствени проблеми, тогаш послушајте го.

popularni-zdravi-soveti-koi-mozhat-da-bidat-shtetni-i-treba-da-gi-izbegnuvate-05.JPG

Сите масти се лоши за срцето

Постојат многу видови масти, а дел од нив се неопходни за балансирана исхрана.

Точно е дека некои од нив се штетни како транс мастите и заситените масти со кои треба да бидете умерени и да ги избегнувате.

Но, мононезаситените и полинезаситените масти го намалуваат лошиот холестерол и се всушност потребни за телото.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
6 симптоми за проблеми со срцето кои не се поврзани со градите Вртоглавицата и ненадејната силна главоболка можат да бидат знак за проблем со с...

Најчитани неделава