Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти

Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му направите детокс на организмот и го користите ChatGPT за совети поврзани со здравјето.

trendovi-za-zdravje-od-2025-ta-koi-ne-se-bash-zdravi-spored-eksperti-01.jpg

Се чини дека се грижиме за нашето здравје повеќе од кога било, што е навистина добро.

Но, кога ни се достапни толку многу информации постојано сме бомбардирани со совети за здравје од луѓе кои не се никакви експерти, може да настане и проблем.

Всушност, некои од најпопуларните трендови за здравје од годинава и не се баш толку здрави и корисни.

Дел од овие трендови кои можат да бидат и штетни:

Јадете само кога ќе почувствувате глад

Важно е да знаете дека многу фактори влијаат на чувството на глад. На пример, ако сте под многу стрес, поверојатно е да имате поголема желба за храна.

Или, пак, ако во текот на денот сте многу зафатени, може воопшто да не почувствувате глад, па вечерта да се прејадете.

Поради ова, важно е да јадете неколку оброци во исто време од денот. Идеално е да имате три главни оброци, со две ужини.

Не си давате ден за одмор од вежбање

Ако сте физички активни, браво за вас. Но, правите голема грешка ако не одвојувате и ден за одмор.

Многумина мислат дека ако вежбаат интензивно секој ден, побрзо ќе забележат резултати.

Но, на телото му е неопходен и денот за одмор.

Ако се форсирате, постои ризик да се повредите, па потоа да бидете присилени да правите многу долга пауза од вежбање.

trendovi-za-zdravje-od-2025-ta-koi-ne-se-bash-zdravi-spored-eksperti-02_copy.jpg

Опседнати сте со тоа да се чувствувате добро

Фокусот на менталното здравје никогаш не бил поголем.

Од една страна, ова е добро бидејќи се зголемува свесноста за проблеми кои до неодамна биле табу.

Но, од друга, создава проблем бидејќи луѓето како да се опседнати со тоа да се чувствуваат добро, среќно, исполнето…

Не си правите услуга ако постојано ги анализирате вашите чувства и пробувате по секоја цена да се ослободите од негативните емоции.

Ова само ќе ви создаде замор и долгорочно може и да ви ја влоши менталната состојба.

Ако имате сериозен проблем со менталното здравје, консултирајте се со експерт и немојте сами да си поставувате дијагнози.

Доколку сте во ред и само повремено се чувствувате лошо, не заборавајте дека тоа е сосема нормално.

Во ред е ако денес не сте особено среќни и не мора да одите до крајности за да почувствувате некаква еуфорија.

Внесувате многу протеини

Сигурно забележувате дека периодов владее некаква опсесија со протеини, па се чини дека на секој втор продукт е наведено дека има протеини.

Точно е дека протеините се неопходни, но како и со сè останато, можете да си наштетите ако претерате со внесот.

Наместо да сте опседнати со една хранлива материја, потрудете се да се храните разновидно и да внесувате и јаглехидрати, и хранливи влакна, и скроб…

trendovi-za-zdravje-od-2025-ta-koi-ne-se-bash-zdravi-spored-eksperti-03_copy.jpg

Пробувате да направите детокс на организмот

Инстаграм и ТикТок се преплавени со совети за „прочистување“ на организмот од „токсини“ со чаеви, сокови, суплементи…

Но, сето ова е залудно бидејќи организмот веќе има свој систем за детокс – на пример, црниот дроб и бубрезите.

Она на коешто треба да се фокусирате е да го одржувате целокупното здравје со здрава исхрана, физичка активност и, секако, доволно одмор.

Користите премногу продукти за убавина

Во ред е да водите грижа за вашиот изглед, но не треба и да претерувате и ова да ви стане опсесија.

Не ви требаат безброј продукти за убавина за да изгледате добро. Напротив, ако комбинирате сè и сешто можете дури да си ја влошите состојбата на кожата.

Исто така, немојте да се споредувате со фотошопирани фотки и видеа бидејќи ова ќе ви се одрази негативно на менталното здравје.

trendovi-za-zdravje-od-2025-ta-koi-ne-se-bash-zdravi-spored-eksperti-04.jpg

Барате помош од чет-ботови наместо експерти

Четботовите како ChatGPT се мошне корисна алатка, но не можат да заменат експерт.

Не заборавајте дека голем дел од она што ви го кажува четботот може и воопшто да не е вистина.

Па, кога е во прашање вашето здравје, секогаш прво слушајте ги експертите, а не да се потпирате на ChatGPT или на вашето пребарување на Гугл.

Пиете многу суплементи

Само затоа што некоја инфлуенсерка пие одредени суплементи, не значи дека треба да ги земате и вие.

Генерално, ако немате проблеми со здравјето и се храните здраво и разновидно, немате потреба од додатоци во исхраната.

Суплементите не можат да заменат здрава исхрана или физичка активност.

Притоа, пиењето многу суплементи со текот на времето може да ви создаде проблеми со црниот дроб, особено ако ги комбинирате со алкохол.

Затоа, ако сметате дека ви требаат суплементи, најпрво консултирајте се со лекар, без разлика што можете да ги купите без рецепт, дури и од маркет.

trendovi-za-zdravje-od-2025-ta-koi-ne-se-bash-zdravi-spored-eksperti-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Како да ги избегнете проблемите со колената (што ги имаат скоро сите)? Немојте нагло да почнувате со вежбање по долг период на неактивност и ако чувств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg