Срамете се, не е срамота

Се наоѓате на состанок или во друштво на непознати луѓе. Соговорникот ви поставува прашање на кое вие немате прецизен одговор. Непријатно ви е. Срцето почнува благо да ви „тропа“, грлото да ве стега, а образите да ви горат. Вашиот срам расте од секунда во секунда. Најмногу би сакале да ве снема. Немојте да се грижите, не сте единствени со овој проблем.

sramete-se-ne-e-sramota

Зошто горат образите?

Срамежливи сме кога ќе се најдеме во некоја нова и непозната ситуација и кога ни е важно да оставиме добар впечаток, да не се посрамиме... Оттаму и чувството на срам слично на анксиозноста односно стравот дека сè лошо ќе се заврши.

Срамежливоста е тесно поврзана со ниската самодоверба и негативната слика за себе, што најчесто е последица на раните неуспеси. Во коренот на срамежливоста се наоѓа потребата за контрола која ни помага да ја избегнеме неизвесноста и стравот од губење на контролата.

Свеста за срамежливоста најчесто ја влошува состојбата бидејќи срамежливата личност ова свое својство го доживува како неуспех. Убедена е дека тоа само нејзе/нему му се случува и дека тоа сите го знаат. Стравот дека срамежливоста ќе биде забележена го зајакнува ова чувство, а секој евентуален коментар на таа тема може да доведе дури и до депресија.

Срамежливоста се препознава по препотувањето, „тропањето“ на срцето, црвенеењето на лицето, кнедлите во грлото, треперењето на гласот и мускулите, треморот на рацете, тиковите, тивкиот и неразбирлив говор...

Срамежливата личност со сите сили се труди да ги сокрие овие симптоми, а така само ги зајакнува. Така почнува да се движи во круг помеѓу желбата да ја победи срамежливоста и неможноста да ги избегне телесните знаци на срамежливост.


Како да се решава проблемот?

Излезот од овој круг најчесто се гледа во избегнувањето на непријатни ситуации. Срамежливите личности се решаваат да контактираат само со луѓе кои што ги познаваат бидејќи покрај нив се чувствуваат сигурно и прифатено. Стравот од не прифаќање или одбивање води во социјална изолација, а со самото тоа доаѓа и до неуспех на приватен и професионален план.

Секој начин на однесување може да се научи, но и секој научен начин на однесување може да се одучи.

Срамежливоста не е последица на самата ситуација во која срамежливата личност ќе се најде, туку е последица на нејзиниот став кон самата себе и ситуацијата во која се наоѓа.

Кога срамежливоста ќе стане проблем, најдобро е личноста да се посоветува со психотерапевт.

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg