Сите предности на пливањето

site-prednosti-na-plivanjeto

Пливањето ги ангажира сите мускули на телото, а тоа помага да останеме во подобра форма, да бидеме здрави и задоволни со своите килограми.

Пливањето ги зајакнува мускулите на телото и не прави поиздржливи.

Зошто пливањето е најдобра вежба?

Најпрвин, ги ангажира сите мускули од телото,а  тоа помага да останеме во добра форма, да бидеме здрави и задоволни.

Водата создава поголем отпор од воздухот, така што во неа мораме да се трудиме 12 пати повеќе отколку кога вежбаме на суво.

Затоа пливањето ги јакне мускулите на телото правејќи не поиздржливи, што помага во борбата против болести.

Повеќето луѓе се откажуваат од вежбањето поради досада, но со пливањето речиси ги нема тие проблеми. Тоа не може да ви досади, а неговите предности се многубројни.

Го подобрува капацитетот на белите дробови

Со пливањето истовремено се користат и рацете и нозете, што го зголемува капацитетот на белите дробови.

Го зајакнува срцевиот мускул

Пливањето го зајакнува срцевиот мускул, па така побргу се пумпа крвта, што ја зголемува циркулацијата на крв која пак делува на здравјето на целиот организам.

Помага во борбата против болести

Луѓето кои што седат долго, повеќе страдаат од срцеви заболувања и почесто се борат со дебелината. Затоа пливањето е вистински лек за нив.

Безболна вежба

Уште една предност за пливањето е тоа што е најбезболна вежба. Ако некој страда од болки во зглобовите, тогаш пливањето е најдобра вежба. Професионалните спортисти, после некоја повреда се рехабилитираат со пливање.

Време за вежбање

Доколку сте почетник, би требало да се зачлените во некој клуб или да ангажирате сопствен тренер. Доволно е да пливате половна час дневно, но ако сте во подобра физичка кондиција, можете и подолго и почесто.

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg