Наша докторка на тема дали пациентите во кома слушаат: „Имавме мало дете со повреда на мозок и беше на респиратор 1 месец“
„Имам едно лично искуство на мој пријател којшто лежеше долго време во интензивно лекување. Тоа не беше вистинска кома којашто беше од мозочно потекло, но беше кома поради вдишан оган во белите дробови“, ја започнува приказната д-р Маја Мојсова Мијовска, анестезиолог, реаниматолог и интензивист, а споделува случка и со мал пациент.

Професор д-р Маја Мојсова Мијовска, анестезиолог, реаниматолог и интензивист во гостувањето во емисијата „Телма амбуланта“ проговори на тема дали пациентите кои се во кома – слушаат...

На прашањето од водителката: „Дали пациентите кои се во кома можат да слушаат што се случува околу нив?“, доктор Маја Мојсова Мијовска вели:
„Прво, имам едно лично искуство на мој пријател којшто лежеше долго време на интензивно лекување.
Тоа не беше вистинска кома којашто беше од мозочно потекло, но беше кома поради вдишан оган во белите дробови.
Значи тоа лекување траеше долго, во странска земја беше, многу одамна.

Тој имаше напишано книги за сè што слушал и сè што му се случувало во главата додека бил под седативи, но на респиратор.
Дали е тоа вистина или халуцинации, јас не можам да кажам.

Пред некое време, пак, имавме пациент, мало дете кое имаше сериозна повреда на мозок и неговото лекување траеше околу месец дена на респиратор.
Којшто во суштина кога се разбуди... Но, да нагласам дека не е тоа будење како од сон вистински, па ние стануваме да миеме заби, не.
Кога отиде детето на оддел, ја сретнав мајката и ми рече: „Чудно е, вика, ама тој зборува сега македонски течно“
Детето беше Албанче
Сакам да кажам дека тоа што се случува навистина е многу тешко да знаеме, бидејќи многу малку од пациентите се враќаат кај нас - за да ни ги раскажат тие работи.

Детето пасивно, слушајќи го говорот во интензивното лекување, веројатно пасивно, не дека не знаел и претходно, веројатно знаел македонски, но вака убаво и течно да разбира и да комуницира беше чудно.
Нормално си зборуваше детето и албански... Но, сакам да кажам дека веројатно има многу неразјаснети работи“.
