Наша докторка на тема дали пациентите во кома слушаат: „Имавме мало дете со повреда на мозок и беше на респиратор 1 месец“
Инаку, темата поттикна голема дебата, а еден од коментарите на видеото гласи:
„Не можеме да генерализираме дали пациентите во кома слушаат и како ги процесираат информациите.
Како докторка која работи на интензивна во Германија, од лично искуство можам да кажам дека тоа зависи од многу фактори, како и степенот на оштетување на мозокот.
Сум имала пациенти кои по будењето и префрлањето на одделение можеле детално да раскажат што се случувало околу нив, иако во тој период биле во кома.

Од друга страна, има пациенти кои по будењето немаат претстава колку време поминало, бидејќи искуството го опишуваат како некаков сон во кој не можеле целосно да го разберат и протолкуваат она што се случувало околу нив.
За жал, постојат и пациенти кои никогаш не се будат.
Затоа не постои едноставен и универзален одговор. Секој случај е индивидуален и зависи од многу медицински фактори“.

Кликнете на видеото со изјавата:
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com