Мажите кои сакаат чоколада имаат помал ризик од мозочен удар

mazite-koi-sakaat-cokolada-imaat-pomal-rizik-od-mozocen-udar

Редовното конзумирање чоколада може кај мажите да го намали ризикот од мозочен удар, покажа истражување спроведено од шведски научници чии резултати се објавени во списанието Neurology.

Научниците утврдиле врз примерок од 37 илјади мажи кои ги следеле десет години, дека оние што јаделе најмногу чоколада, односно просечно третина филџан чоколадни парчиња, имаат 17 отсто помал ризик од мозочен удар во однос на мажите коишто ја избегнувале чоколадата.

И претходни истражувања покажаа дека ризикот од некои заболувања на срцето и крвните садови се помали кај љубителите на чоколадата.

„Ползата од конзумирање чоколада кај мозочните удари веројатно е поврзана со флавоноидите во чоколадата“, се наведува во објавената студија на раководителката со истражувањето, Сузан Ларсон од Каролинскиот институт во Стокхолм.

Некои од поранешните истражувања упатуваа на можноста дека флавоноидите дејствуваат како антиоксиданси со позитивни ефекти врз крвниот притисок, холесторолот и крвните садови.

Сепак, неврологот Ричард Либман од Кушинговиот институт во Менхасет во американската сојузна држава Њујорк, предупредува дека оваа информација треба да биде земена со резерва, бидејќи теоријата за позитивниот ефект на флавоноидите сѐ уште е само теорија.

31.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg