Што ви зборува телото: 9 симптоми кои не смеете да ги занемарите

Пред да постават дијагноза, лекарите од народната медицина имаат обичај добро да го погледнат човекот однадвор, бидејќи по телото однадвор се гледа што се случува во организмот.

sto-vi-zboruva-teloto-9-simptomi-koi-ne-smeete-da-gi-zanemarite

Нивното драгоцено знаење може и нам да ни биде од голема корист.
   
Избраздени нокти
Тенките вертикални линии кои едвај се чувствуваат под прстите се безопасни и веројатно укажуваат на недостаток од течности. Забележителните вертикални бразди може да бидат знак за проблеми во размената на материи, на пример, почеток на диабет, или проблеми на односот на киселини и бази. Изразените хоризонтални бразди може да посочуваат на психички проблеми (стрес, депресија). Исто така може да се јават и во случај на акутна инфекција, срцево заболување, или како последица од хемотерапија. Освен тоа може да укажуваат и на тегоби во долниот стомак. Белите точки на ноктите се безопасни и се јавуваат како последица на продирање на воздух.
 
Промена на бојата на ноктите
Ноктите би требало да бидат розови и речиси мазни. Ако се жолтеникави, или бели, тоа е знак за тревога. На нашите нокти им треба околу месец дена за да пораснат два до три милиметри. Ако недостасуваат важни хранливи состојки (на пример, поради проблеми со метаболизмот), нивната боја се менува. Жолтата боја укажува на заболување на црниот дроб (на пример жолтица), а белите нокти би можеле да бидат првиот знак на хронично воспалување на цревата, или заболување на бубрезите.

Надуени очи
Често пати надуените очи се последица од собирање на течности во горните и долните капаци. До тоа доаѓа во случај на проблеми со функцијата на бубрезите и мочниот меур (акутни и хронични воспалувања). Двата органа го регулираат нивото на водата во организмот. Отечените капаци може да бидат знак на исцрпеност и проблеми со работата на срцето.

Сува и оштетена коса
Оваа појава може да биде минлива и во тој случај е сосема нормална. Виновник може да биде новиот шампон, проблеми на работа, хормонско пореметување (менструација). Но, ако оваа состојба трае со месеци, а покрај тоа и забрзано се дебелеете иако ништо не сте смениле во исхраната, ако вратот ви е подебел, а кожата порапава од вообичаено, тогаш можеби станува збор за ослабена функција на штитната жлезда. Таа произведува недоволна количина на хормони  кои го поттикнуваат метаболизмот во клетките. Со самото тоа, косата не добива доволно хранливи супстанци.

Наслаги на јазикот
Кај здрав човек јазикот е розов, прекриен со тенок белузлав филм. Ако наслагите се подебели и имаат жолтеникава боја, тоа често пати укажува на заболување на органите за варење. Подебели бели наслаги во комбинација со болки во желудникот, главно преставуваат проблеми со желудникот, на пример гастрит. Дамките на јазикот со различна големина укажуваат на проблеми со работата на црниот дроб, или лачењето на хормони. Црвените линии на јазикот често се симптоми за проблеми со функцијата на црниот дроб. Ако наслагите постојат само на едната страна од јазикот, тогаш можеби станува збор за проблеми со нервниот систем.

Изразени подочници
Секој од нас од време на време има темни подочници кои може да се појават поради недостаток на сон, премор, или едноставно стрес од преголемо оптоварување на работа. Но, ако тие траат подолго, повеќе недели, може да укажат на разни внатрешни проблеми и сериозни проблеми во организмот. Сино-црните подочници може да се јават како последица од недостаток на железо во крвта. На пример поради погрешна исхрана или обилно крвавење во текот на менструацијата. Кафените подочници укажуваат на проблеми со работата на црниот дроб и жолчката, или поради погрешна употреба на средства за спиење или нервна напнатост.

Длабоко бори околу носот и устата
Азиската медицина во нив гледа симптоми на хронично заболување на желудникот (на пример гастрит). Особено ако постои притисок во горниот дел од стомакот (особено по јадење или кога сте гладни) или ви се јавува киселина по јадење.

Испукани капилари на лицето
Тенките црвени капилари на образите или носот главно укажуваат на зголемен крвен притисок и склоност кон заболување на дишните патишта. Сините капилари во многу случаи укажуваат на слабо срце. Тоа е знак дека срцето не пумпа доволно крв, дека крвта не добива доволна количина кислород, па затоа делува сино.
 
Опаѓање на косата
Косата ви е сè поретка? Избројте ги влакната кои ви опаѓаат во текот на денот. Нормално е да изгубите 60 – 100 влакна во текот на денот. Животниот циклус на едно влакно по правило трае седум години. По период на мирување, таа паѓа, правејќи простор за ново влакно кои израснува од истиот фоликул. Лекарите специјалисти за кожа и коса сметаат дека опаѓањето на косата е проблематично ако ви опаднат 60 проценти од косата, а тоа значи секој пат кога ќе се исчешлате четката да ви биде полна со коса.

Причините може да бидат хормонско пореметување  (намалена или зголемена функција на штитната жлезда, диабет, проблеми во менопаузата), недостаток на железо и белковини, инфективни болести, големи психички проблеми, труење со тешки метали или медикаменти. Во тој случај, коренот на косата не е доволно снабден со хранливи материи па пропаѓа фоликулот од каде треба да израсне нова коса. Кај жените, опаѓањето на косата укажува на недостаток на женски сексуални хормони (естроген) како и дека постои вишок на андрогени (машки хормони) во телото.

Би можело да ве интересира:

Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg