13 начини да го победите уморот

Уморни сте, безволни, исцрпени, не ви се прави ништо? А при тоа сте планирале да излезете или ве очекува деловен состанок на кој не смеете да се жалите.

13-nacini-da-go-pobedite-umorot

Ви откриваме како повторно да ги наполните батериите за само неколку минути.

Терапија со мириси

Ведрото расположение доаѓа и преку чувството за мирис. Причината е во тоа што носот директно е поврзан со делот од мозокот кој е надлежен за емоции. Вдишете мисрис на ѓумбир, нане, мандарина или грејпфрут.

Масирање на ушните ресички

Силното масирање на ушните ресички. Акупресурата на ушите има речиси исто дејство како и масажата на целото тело.

Чепкање на косата

Исцрпени сте и не можете да се сконцентирате? Во тој случај ќе ви помогне овој мал трик: влечете ја косата прамен по прамен нагоре така што кожата на главата благо да ви се подига. На тој начин ќе се подобри циркулацијата и ќе ви се згоелми будноста.

Длабоко дишење

Вдишете и издишете длабоко – оваа метода прави чуда. Полека вдишете воздух низ нос така што кислородот да ви дојде до стомакот, а потоа исфрлете го низ уста (10 пати).

Тропање со нозете

Еве и вежба за оние кои се принудени подолго да стојат. Зазаемете расчекорен став (во ширина на колковите), потоа тропнете со десната, па со левата нога, забрзувајќи го темпото. После оваа вежба ќе почувствувате олсенување во нозете. Нозете можете да ги попрсакте и со спреј за ладење кој веднаш делува.

Мирисна купка

Ставете во водата етерично масло кое делува стимулативно на организмот (рузмарин, лимон). Преку свраното ткиво и лимфниот систем тие супстанци продираат во крвотокот поттикнувајчи ја работата на органите. Ако маслото го измешате со павлака, плесно ќе се раствори во водата.

Играње и пеење

Пуштете ја својата омилена музика и на неа играјте и пејте. Брзите ритмови како што е салсата просто го тераат човек да заигра. Срцето и пулсот се забрзуваат, а внатрешните батерии се полант со енергија.

Џогирање за мозокот

Крстозборите и сложувалките ви овозможуваат дослабока старост да го тренирате мозокот. При тоа десет минути е сосема доволно за да живнете. Додека решавате крстозбор, добро сместете се и добро концентрирајте се, бидејќи ораганизмот само така може да се регенерира.

Топло – студено туширање

Туширањето ја поттикнува циркулацијата: почнете со топла вода, продолжете со студена, па повторно со топла и задолжително завршете со студена вода (три циклуси). Еве го и енегретското туширање кое го предлага ајурведа (мудрост од исток за живото и здравјето): насочете го млазот на водата кон средината на главата, а потоа затворете ги очите (така се активира протокот на позитивна енергија).

Прошетка

Наједноставниот начин да го отстраните уморот е да се движите на свеж воздух. Прошетајте 15 минути со брзо одење (се поттикнува циркулацијата и се ублажува стресот). Инекцијата на кислород ја активира работата на сивите клетки.

Благо-лут коктел

Изматете 300 грама млеко, банана, лажица мед и ½ лута пиперка. Капсицинот од лутата пиперка и хормонот на среќата серотонин од бананата веднаш ќе ве разбудат и расположат.

Масажа на главата

Со масажа сигурно ќе го отстраните уморот, а азиската масажа на главата е исклучително ефикасна. Ставете ги прстите на средината на темето, а потоа со тапкање благо масирајте ја целата глава одозгора надолу, а потоа од средината кон тилот и челото.

Уживање со шоља чај

Чајот има стимулативно дејство ако оставите филтер вреќичката да постои барем три минути. На чајот можете д аму додадете мелено каранфилче (на врв од нож) бидејќи ја поттикнува циркулацијата и лачењето на желудечна киселина.

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Кои проблеми со здравјето предизвикуваат отекување на нозете и стапалата? Длабоката венска тромбоза, но и проблемите со срцето можат да предизвикаат отоци...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg