Што зборува за вас кафето кое го пиете?

Филџанот кафе е редовен ритуал и омилена напиток за голем број луѓе и за разлика од чајот или сокот кои понекогаш ги пиеме со различен вкус, кафето повеќето од нас го нарачуваат на ист начин, а тоа открива по нешто за нашиот карактер.

sto-zboruva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-2

Кафе без кофеин за оние кои играат на сигурно

Плашливите и несигурни луѓе одбираат кафе без кофеин. Тие не сакаат возбудувања, се држат до одредени рамки и во животот сакаат да играат само на сигурно.

Дупло еспресо за хедонистите

Дуплото еспресо е избор на експлозивните луѓе кои тешко се концентрираат само на една работа. На животот гледаат како на низа случувања во кои треба да се ужива со сите сетила, а сите оние кои ќе влезат во врска со нив треба да знаат дека ќе им треба многу енергија.

sto-zboruva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-1

Капучино за романтичарите

Обожавателите на капучиното се таинствени и романтични души. Иако често се држат на страна, кога ќе дозволат да ги запознаете, ќе ви покажат дека се креативни и фантазери.

Макијато за лојални и одговорни

Во макијатото уживаат префинети и добро организирани луѓе, а малиот филџан од овој напиток им дава дозирано задоволство во текот на денот. Во животот сè прават на време, па дури и порано, така што на нив можете да се потпрете.

sto-zboruva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-3

Кафе со млеко од соја, за опседнати со здравјето

Оние кои одбираат вакво кафе своето тело го гледаат како храм. Сакаат здрав живот и правилна исхрана, но треба да им се стави до знаење дека понекогаш треба да се опуштат.

Кафе со карамел или чоколадо за весели луѓе

Кафето со дополнителен вкус на карамела, чоколадо, или ванила открива весела и забавна личност која не мирува ниту миг. Овие луѓе се зависни од шеќер, а кафето баш и не го сакаат, па го маскираат со други вкусови.

Какво кафе пиете вие?

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg