10 заблуди за чоколадото

Латинското име за дрвото какао гласи Теоброма какао, што во превод значи „храна на боговите“.

10-zabludi-za-cokoladoto-01

Ретко кој може да одолее на ова слатко задоволоство, а голем број луѓе веруваат во заблудите кои владеат за чоколадото.

1. Ако до сега сте се одрекувале од чоколадо со намера да го намалите својот лош холестерол, бадијала сте се жртвувале. Вистина е дека чоколадото содржи какао путер кој е полн со заситени масти, од кои повеќето доаѓаат од стеаринската киселина, заради што чоколадото не го подигнува нивото на холестерол, а кај некои луѓе дури и го намалува.

2. Вистина е дека чоколадото содржи одреден процент на кофеин – колку е потемна, толку е поголемо учеството. Сепак, зависниците од кофеин сигурно нема да го заменат кафето за чоколадо.

3. Многу родители се плашат дека децата може да станат премногу енергични од чоколадото, но истражувањата покажуваат дека нема врска помеѓу шеќерот во исхраната и хиперактивноста кај децата.

4. Чоколадото има низок гликемиски индекс што значи дека дијабетичарите не мораат да го избегнуваат во исхраната. Секако, се препорачува да се консултираат претходно со лекар.

5. Чоколадото има послабо влијание на забите од шеќерот. Нема никаква врска меѓу создавање на кариес и чоколадо.

6. Научниците утврдија дека консумацијата на помали количини чоколадо секој ден, не дебелее. Секако, на килограмите влијаат додатоците како сладолед, фрапе и топло чоколадо со шлаг, но и неумереноста во консумирањето.

7. Иако постои верување дека нема никаква нутритивна вредност, чоколадото има статус на „супер храна“. Темно чоколадо има еднаква количина антиоксиданси како ¾ шоља зелен чај, една чаша црвено вино, или 2/3 шоља боровница. Содржи и високо ниво на минерали и влакна.

8. Ацтеките верувале во цврстата поврзаност на чоколадото и романтичното чувство, но оваа врска ја порекна современата наука. Истражувањата не пронајдоа никакви афродизијачки својства кај чоколадото. Но, постои оној пласибо ефект – луѓето веруваат дека чоколадото е афродизијак, па така и им делува.

9. Многу тинејџери, но и повозрасните, акните на своето лице ги препишуваат на чоколадото, но станува збор за уште една заблуда.

10. Лекарите препорачуваат да се консумира чоколадо со најмалку 70 проценти какао. Колку е поголем уделот на какаото – толку повеќе антиоксиданси. Помага во регулирање на крвниот притисок.

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната? Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да б...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg