4 трикови после прејадување

После празниците кога се празни масата, а храна сè уште ќе се дотура, еве како можете да си помогнете во случај да се прејадете.

4-trikovi-posle-prejaduvanje

Следниве 4 брзи трикови може да ви помогнат да немате надуеност и киселини, па и останати непријатни чувства како резултат на прејадување.

Немојте да се грижите околу бројките на вагата, барем до средината на следниот месец, но обидете се да направите рамнотежа на обилната трпеза.

Прошетајте

Лесната прошетка околу дваесетина минути по оброкот ќе ви помогне од абдоменот да ги исфрлите гасовите.

Одењето го олеснува притисокот во цревата и така го намалува непријатното чувство на надуеност. Исто така ја забрзува циркулацијата и така го подобрува варењето, а и самиот свеж воздух ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

Изедете ананас или јогурт

Половина час по оброкот, ако можете уште нешто да изедете, земете мала порција ананас или јогурт, бидејќи тоа се намирници кој го подобруваат варењето на храната.

На пример, ананасот содржи големи количини на ензимот бромелаин кој помага при варењето на белковините.

Пијте зелен чај

Пиејќи зелен чај во текот, или по оброкот, му помагате на своето тело да се ослободи од насобраните маснотии и холестерол.

Лековитоста на зелениот чај лежи во неговите полифеноли, односно растителни антиоксиданси кои учествуваат во разградувањето на мастите и така го намалуваат нивото на холестеролот.

Воздржете се од лежење

Можеби ќе дојдете во искушение веднаш по обилниот оброк да легнете на кауч, но...немојте!

Почекајте барем три часа по јадењето за да го избегнете враќањето на киселината во желудникот со оглед дека во тој период желудочните сокови работат со полна пареа.

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg