Со диета против настинката

Настинката и грипот кои се последица од вирусна инфекција, ги напаѓаат и младите и старите во студените зимски денови.

so-dieta-protiv-nastinkata

Најчестите симптоми кои ги следат овие заболувања е покачената температура, кашлица, главоболка и малаксаност, а можете да ги спречите или побргу да ги излечите со соодветен начин на исхрана.

Нутриционистите советуваат да земате што е можно повеќе намирници богати со Витамин Ц, А и Е.

Од сите овошја, најмногу витамин Ц, има калинката, а го има и во кивито, портокалот, лимонот и мандарините.

Вареното вино е лек

Одличен извор на витамин А се морковот и тиквата, а со витамин Е изобилуваат оревите, лешниците и бадемите. Треба да се има во предвид дека витаминот Ц оксидира при допир со метален нож, па овошјето не треба премногу да се сечка. Исто така на температура над 35 степени витаминот Ц ги губи своите својства, па лимонот никогаш не го ставајте во жежок чај.

Добар лек против настинка е и вареното црвено вино, но само една чаша дневно. Ова вино е богато со полифеноли кои имаат антивирусни својства, а ги убиваат и бактериите, а кога го варите, додајте малку и каранфилче – ќе биде повкусно.

Разликувајте го грипот од настинката

so-dieta-protiv-nastinkata-tabela

Избегнувајте млеко

Вирусите не го сакаат минералот цинк бидејќи ги убива и го спречува воспалувањето, па затоа би требало да јадете колку што можете повеќе намирници кои што го содржат овој минерал. Студиите покажале дека повеќе од 33 проценти од светската популација страда од недостаток на цинк, а препорачана дневна доза за возрасни е 15 милиграми.

Природни извори на цинк се пивскиот квасец, семките од тиква, грашокот, брокулата и зелката. Исто така можете да земете шумлива таблета богата со цинк и да ја растворите во малку вода, па со тој раствор да ја плакнете усната шуплина и грлото на секои два часа.

За време на настинката избегнувајте млеко и млечни производи бидејќи го поттикнуваат создавањето на слуз, која го отежнува дишењето. Ако баш не можете без млеко, пијте јогурт со пробиотски бактерии. На листата од непожелни намирници за време на грипот се и слатките и шеќерот бидејќи ја зголемуваат температурата, а ако баш морате да се засладите, земете едно лажиче мед или јачменов слад.

Намирници кои ги убиваат бактериите

Лук

Во Русија е познат како руски пеницилин, бидејќи благодарение на состојката алицин, ги убива вирусите. Најдобро е да се користи во свежа состојба, а ако не можете да го поднесете неговиот вкус, сварете го со некој друг зеленчук.

Пилешка супа

Пилешкото месо ја содржи аминокиселината цистеин, која се ослободува при варењето и го олеснува дишењето. Исто така, поедини лекари тврдат дека пареата која ја вдишуваме додека јадеме топла супа е поефикасна и од инхалацијата, а лековитоста на пилешката супа може да се зголеми ако и додадете малку лук и неколку зрна црн пипер.

Ѓумбир

Овој зачин го сопира кашлањето и допринесува побргу да се отстрани слузта од грлото и белите дробови, па подгответе си сами дома сируп против настинка. Во два децилитри вода ставете две лажичиња свежо исечкан ѓумбир и варете го на тивок оган околу 30 минути. Во тоа додајте две лажици мед и варете уште неколку минути. Дневно земајте по една лажица сируп.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg