Седум добри страни на грипот

Престанете да ги броите апчињата и чаевите кои ги испивте и започнете со малку позитивни мисли. Грипот е далеку од пријатен, но понекогаш токму тој е знак кој ни укажува на одморот кој ни е неопходен.

sedum-dobri-strani-na-gripot

Затоа, следен пат кога ќе останете дома не се борете со помислата „Ајде побрзо да станам од кревет“, туку земете си неколку слободни денови. А, во меѓувреме утешете се на овој начин.

1. Одамна заклучивте дека времето надвор е само за спиење? Зошто тогаш да се измачувате. Откажете ги денешните обврски и земете си малку време за одмор.

2. Ќе намалите некој килограм, со сигурност. Грипот е најделотворната диета. Хранете се здраво, со многу витамини кои ви се неопходни кога имунитетот е опаднат.

3. Време е да се посветите исклучиво на самите себе. Прелистајте го вашето омилено списание за кое никако да најдете време во текот на неделата, напијте се топол чај, изгледајте некој интересен филм, истуширајте се и негувајте се со часови...

4. Одличен изговор да не се гледате со луѓето кои не сакате да ги видите. Наместо другите здодевни изговори, овој пат одлично решение е грипот.

5. Можеби не верувате, но кога имате грип се разубавувате. Тогаш се храните најздраво, па затоа вашиот тен е изедначен. Спиењето исто така ви помага да се ослободите од темните кругови околу очите, па затоа не се жалете колку смешно изгледате кога сте болни.

6.Сексот е одличен лек за грипот. Има слично дејство на Андол или Аналгин. Топло ви е, се потите, а со тоа ги исфрлате сите токсини насобрани во вашиот организам. Одличен изговор за повеќе секс!

7. Одеднаш, сите околу вас ви готват и ви цедат свежи сокови. Одеднаш сите се љубезни и без непотребни коментари како „Дома ти е хаос. Нели мислиш дека е време малку да средиш?“ Затоа, допуштете си да ве разгалат барем на неколку дена.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg