10 употреби на маслиновото масло

Легендите за лековитото дејство на маслиновото масло потекнува од далечното минато. Незаситените масни киселини, витаминот Е, стеролите и полифенолите се само некои од состојките кои оваа намирница ја прават вредна и неверојатно здрава.

10-upotrebi-na-maslinovoto-maslo

Но, маслиновото масло има широка употреба, а ние ви донесуваме 10 неверојатни начини кои мора да ги пробате.

- За симнување на шминката: Нанесете малку масло на памук и нежно истријте ги очите.

- За заглавен затворач: Нанесете малку масло на патентниот затворач, лесно повлечете горе – долу. Маслиновото масло ќе го подмачка.

- За мека кожа: На мокра кожа, по туширање нанесете го маслото и размачкајте го по целото тело.

- За нега на усните: Секоја вечер пред спиење усните намачкајте ги со маслиново масло и ќе станат меки.

- За полирање на дрвениот мебел: На памучна крпа нанесете малку масло и со неа темелно премачкајте ја дрвената површина.

- Против вошки: Темето добро натопете го со маслиново масло, замотајте ја косата во кеса или капа за туширање и оставете така да постои некое време. Пред да ја измиете косата исчешлајте ја со густ чешел.

- Масло за капење: Наполнете ја кадата и во водата додајте маслиново масло и миризливи соли. Вашата купка е подготвена.

- За мазно бричење: Мократа кожа намачкајте ја со маслиново масло и преку него поминете со жилетот. Тоа ќе ја замени пената или гелот за бричење, а ќе го спречи иритирањето и црвенилото.

- За полирање на кожни чевли: Баш како и кај полирањето на мебелот и за вашите кожни чевли решението е крпче натопено со маслиново масло.

- За вадење на налепници: Налепниците на стакло или пластика, натопете ги со маслото и кратко оставете ги да постојат така натопени. Потоа со сунѓерче изгребете ги со лесно триење.

Ви препорачуваме да ги испробате овие интересни употреби на маслиновото масло.

Имате ли и вие некоја идеја за употреба на маслиновото масло? Споделете ја со нас!

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg