Прва помош при воспалување на грлото

Болката во грлото при голтање, покачената температура, главоболката и болките во зглобовите и мускулите укажуваат на ангина или тонзилитис, едно од најраширените зимски заболувања.

prva-pomos-pri-vospaluvanje-na-grloto

Најчесто се работи за воспалување предизвикано со стрептокока кое го зафаќа ждрелото, крајниците и лимфните жлезди на вратот. Болеста бара лекување, а терапијата се одредува по земањето на брис од грлото.

Меѓутоа, постојат и природни рецепти со кои можете да ги ублажите почетните симптоми и болките во грлото.

Пробајте го и ова: Четири лажици жалфија, сварете ги во две чаши вода, оставете да постои половина час, процедете и исперете го грлото повеќе пати во текот на денот.

Топли облоги околу вратот – Мека ткаенина натопете со оцет и вода, ракија или разблажен алкохол, ставете ја околу вратот и преку неа замотајте подебела марама или шал. Облогот држете го најмалку два часа.

Моќниот лимон – Во почетниот стадиум на ангината ефикасни се средства на база на лимон. Народните лекари советуваат дека во устата, што поблиски до крајниците, да се држат две парчиња лимон исчистени од корката и лесно да се шмукаат. Кога ќе омекне лимонот, можете да го голтнете, а истата постапка повторете ја по половина час.

Средства за плакнење на грлото – Во чаша со свежо исцедено цвекло, ставете кафено лажиче издробен лук, па прелијте го со чаша сварена и изладена вода. Оставете да постои пет до шест часа, но мешајте на секој половина час, потоа исцедете го и плакнете го грлото неколку пати на ден.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg