Зошто е здраво да се биде гладен?

Гладот има негативна конотација во нашето општество. Нашата прва реакција на тој збор е дека е во прашање нешто лошо, чувство кое треба да се поправи или потисне. Меѓутоа гладот е многу важен дел во целокупниот искуство на исхраната. Храната има подобар вкус кога сме гладни.

zosto-e-zdravo-da-se-bide-gladen

Многумина грицкаат нешто по цел ден, никогаш не се потполно сити, но на своето тело сепак не му даваат време да огладни. Други ќе се обидат да го игнорираат чувството на глад при обидот да изгубат некој килограм.

Во одредени случаи може да се случи луѓето да развијат и страв од глад.

Ова се трите причини поради кои треба да се прифати гладот во секојдневниот живот:

Јадењето кога не сме гладни значи дека претеруваме

Одредени стручњаци за губење на тежината остваруваат голем успех со помош на алатката наречена „Скала на гладот“. Концептот е многу прост: кога ја користите „Скалата на гладот“, не јадете додека не почувствувате дека сте пријатно гладни (не умирате од глад) и престанувате со оброкот кога сте пријатно сити (не полни до врв).

Дозволувајќи децата да бидат гладни, ја намалувате нивната пребирливост

Дел од одговорноста за исхрана на децата има врска со одредувањето на правилниот временски интервал помеѓу оброците. Ако му оставите на детето доволно време помеѓу оброците, тоа да огладни, храната ќе има подобар вкус и ќе му помогнете да биде подготвено да проба нови намирници.

На децата им е многу лесно да бидат избирливи кога не се гладни.

Гладот ни овозможува да уживаме во храната

За храната да биде навистина добра, потребно е да бидеме навистина гладни, а добрата глад се создава со паузи помеѓу оброците.

Би можело да ве интересира:

Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg