Кавитација - ослободување од целулит и масни наслаги

Кавитацијата е популарна постапка преку која по нехируршки пат се отстрануваат масните наслаги од непосакуваните места на телото. Најчесто тоа се стомакот, задникот, колковите и надлактиците.

kavitacija-osloboduvanje-od-celulit-i-masni-naslagi

Третманите траат до 60 минути и се прават на 7 до 10 дена. Резултатите се видливи веднаш, затоа што во обем се губи од 2 до 5см. Бројот на третманите се одредува во консултација со лекар. Кавитацијата ги намалува наслагите од целулитот, овозможува подобра циркулација и подобрена исхрана на кожата.

Оваа метода може да се спроведе со ултразвук кој користи фокусирани бранови на одредена фреквенција и продира во кожата при што цели кон масните наслаги. Под енергијата на брановите, ќелиите на масните наслаги пукаат, маснотијата се излива во меѓукелиските простори, а потоа природно, со помош на ензимите, се разградува и лимфниот систем ја исфрла надвор од телото. Дел од разградените маснотии остануваат во организмот во вид на липопротеини и мора да бидат потрошени со физичка активност – во спротивно повторно ќе се акумулираат во телото.

Иако не е хируршки процес, многу е важно кавитацијата да ја прави обучен персонал. Доколку не се одвива на правилен начин, масните наслаги може да се вратат во непосакувани делови од телото. Затоа е важна и пост кавитациската програма, односно лимфна дренажа која се прави рачно или со ласер.

Ултразвучната кавитација е идеален третман како алтернативна липосукција. Сепак, избегнувајте ја доколку имате проблем со црниот дроб, бубрезите, ако носите пејсмејкер, ако сте дијабетичар, ако сте бремени или доите, ако имате покачен холестерол.

Важно е да знаете дека со кавитација не се постигнува чудо, и таа е само помошно средство во отстранување на масните наслаги. Наменета е за оние кои не можат да забележат ефекти со диети и вежбање. Најдобар ефект се постигнува со редовна физичка активност и правилна исхрана.

Би можело да ве интересира:

Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg