Пет напитоци кои ќе ве вратат во форма

Ако сакате да се вратите во форма на здрав и лесен начин, еве неколку едноставни пијалаци кои ќе ви помогнат да се чувствувате поодморени и подобро да вежбате.

pet-napitoci-koi-ke-ve-vratat-vo-forma

Сок од цвекло
Иако неговиот вкус многумина ги одбива, сокот од цвекло има магични својства за зајакнување на крвната слика. Изобилува со нитрати кои го олеснуваат протокот на крвта до мускулите давајќи ви сила да издржите во вежбањето. Немојте да заборавите дека подобрениот проток на крвта е најдобар начин да се решите од целулит. За да го подобрите вкусот на сокот, можете да додадете малку шеќер или мед.

Кафе
Кофеинот го забавува процесот на трошење на гликоген, драгоцена резервна енергија во организмот и ви дава гориво при вежбањето да издржите подолго од вообичаено.

Кокосово млеко
Овој необичен напиток е богат со калиум и затоа ги намалува грчевите во мускулите – и сето тоа со минимален внес на калории. Кокосовото млеко посебно им се препорачува на оние кои интензивно се занимаваат со јога или пилатес.

Чоколадно млеко
Иако често пати го избегнуваме поради стравот од калории, кога станува збор за вежбањето, калориите не се така лоша работа ако доаѓаат од вистински намирници. На наша голема радост, чоколадното млеко е една од нив. Смесата од јаглени хидрати и протеини од чоколадното млеко помага при заздравување на микро повредите на мускулите кои настануваат при интензивно вежбање и доведуваат до воспалување на мускулите. Во рок од 45 минути по вежбањето испијте го овој напиток за да му дозволите на телото во клучен момент да дојде до вистински хранливи состојки.

Пиво
Иако има многубројни дејства на здравјето и убавината, интензивното вежбање повремено го заслабнува имунитетот. Кога по вежбањето ќе се почувствувате малку „скршено“, од време на време наградете се со безалкохолно пиво – неговото антиинфламаторно дејство ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg