Како да го намалите секојдневниот замор?

Изморени сте од несониците, главоболките и сите пропратни непријатности кои следуваат во текот на еден напорен ден? Пред сè, изморени сте од тоа постојано да чувствувате замор?

kako-da-go-namalite-sekojdnevniot-zamor-01

Во ова брзо секојдневие неопходни ви се брзи и едноставни чекори кои ќе ве освежат и ќе ја вратат загубената енергија. Ова се десетте наједноставни чекори кои можете да ги практикувате секојдневно.

1. Хранете се здраво и во прехраната секогаш вклучувајте барем по две различни овошја или зеленчуци.

2. Грицките заменете ги со бадеми, ореви, ф’стаци и сушено овошје.

3. Здравите семки како што се семките од сончоглед и тиква се одличен извор на масни киселини. Шумското овошје пак, содржи силни антиоксиданси кои ќе ви помогнат да го одржите организмот здрав и свеж.

4. Секогаш консумирајте витаминско-минерални додатоци. Лошиот квалитет на современата храна надградете ја со концентрирани витамини.

5. Дневно пијте по литар до два вода. Дехидрацијата често пати е причината за замор и настинки.

6. Кислородот е доста важен за секојдневната енергија и моќта на мозокот. Секој ден дишете смирено, со полни гради. Не дозволувајте стресот да ви го наруши ритамот.

7. Легнувајте во кревет пред полноќ, бидејќи лачењето на мелатонин (хормонот кој го регенерира телото) се стимулира исклучиво во потполна темница.

8. Одвикнете се од користењето на компјутер пред одењето во кревет.

9. Од спалната соба исфрлете ги сите електрични уреди кои му пречат на вашиот сон.

10. Неделно вежбајте барем три пати по 30 минути. Важно е да се одржувате активни, без разлика дали ќе одберете трчање, возење велосипед или пешачење.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg