Пролетни идеи за здрава вечера

За време на утрото и претпладнето имаме најголем избор на состојки од кои ќе го составиме нашиот оброк. Но, како што денот поминува, опциите се намалуваат. Кога веќе ќе стигнете до крајот на денот, кога конечно ќе имате време да подготвите вкусна вечера, веќе не знаете што вкусно и здраво да одберете.

proletni-idei-za-zdrava-vecera-01

Треба да имате на ум дека вечерата сепак би требало да е најмал оброк. Водете се по следниот план: Појадувајте како крал, ручајте како нормална личност, а вечерајте како просјак.

Звучи малку нереално и тешко изводливо, но сепак вреди ако сакате да ги одбегнете вишокот килограми.

Идеја број 1 : Салата

Подгответе си здрава салата во која ќе користите многу зелени состојки - спанаќ, брокула или зелена салата. Потоа додадете малку домат, краставица, пиперка, кромид и било кој друг зеленчук по желба. Можете да додадете малку безмасно сирење, семки, маслиново масло и сок од лимон.

Идеја број 2 : Јајца

Познат е фактот дека организмот подобро се носи со јаглени хидрати пред пладне, а со протеини попладне и навечер. Белките се речиси чисти протеини, па затоа сварете неколку јајца или пак направете кајгана со многу зеленчук.

Идеја број 3 : Јогурт со шумско овошје

Оваа комбинација се однесува на чист јогурт и свежо овошје, а не на купечки овошен јогурт. Одлучете се за јогурт со помала масленост и додајте во него свежи јагоди, малини, боровинки, капини или грозје. Но, држете се што подалеку од овошјата како банана.

proletni-idei-za-zdrava-vecera-02

Идеја број 4 : Бело месо или риба

Белото месо или рибата оди во комбинација со голема количина на варен или свеж зеленчук. Избегнувајте ги калоричните додатоци како што се сосовите и млечните производи.

Идеја број 5 : Паста

Она што најмногу калории и додава на пастата се тешките сирења и павлаки кои се користат како сосови. За да подготвите здрава паста, неопходно е да користите интегрални тестенини кои ќе ги помешате со здраво маслиново масло, туна, зеленчук по желба и малку маслинки.

proletni-idei-za-zdrava-vecera-03

Би можело да ве интересира:

Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивуд... Оземпик е лек за лица со дијабетес тип 2, но многумина, вклучувајќи и кај нас, п...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Намирници што го забрзуваат метаболизмот (и можете да ги најдете во секој маркет) Постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот, што ги прави одлични за оние ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg