Најмногу јадеме во недела во 19 часот

Недела е најпопуларниот ден за прејадување, покажала студијата на британската фирма Фонза. Дури 48 проценти од испитаниците признаваат дека за викенд јадат повеќе отколку во работните денови, а во недела во 19 часот е најкритичното време за држење диета бидејќи тогаш повеќето им подлегнуваат на грицките и колачите.

najmnogu-jademe-vo-nedela-vo-19-casot

Колкаво е влијанието на психолошката состојба врз прејадувањето го докажува податокот дека дури 65% од испитаниците посегнуваат по омилениот бисквит ако претходно имале стрес на работа. Некои нема дури ни да почекаат да дојдат дома, па така 46% испитаници ќе се прејадат уште на работното место.

Емоционалното прејадување е најчесто во вечерните часови, па така повеќето луѓе признаваат дека баш тогаш внесуваат најголем број непотребни калории.

Таканаречениот дебел час е ноќна мора на сите луѓе кои се на диета, тоа е времето во кое се чувствуваат најранливо и речиси не можат да му одолеат на јадењето.

Корисно е да се знае во кое време искушението е најголемо за да го избегнеме со прошетка или други активности кои релаксираат.

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg