Што никако не смеете да правите ако сакате да ослабете

Обидите да изгубите некој килограм доведуваат до усвојување на најразлични методи и навики кои понекогаш и погрешно може да ги практикувате. Често пати се случува да се мачите да симнете некој килограм без никаков резултат. Се прашувате каде грешите?

sto-nikako-ne-smeete-da-pravite-ako-sakate-da-oslabete-01

Прочитајте ги најстрого забранетите навики кои мислевте дека ќе ви помогнат, а всушност го имаат спротивниот ефект.

Не прескокнувајте го појадокот. Тој е клучниот оброк во текот на целиот ден бидејќи го консумирате по цела ноќ гладување. Појадокот ви дава енергија која е неопходно за здраво функционирање на организмот.

Не јадете после голема пауза. Доколку јадете често, а мали оброци ќе бидете многу поздрави и поуспешни во намерата да ослабете, отколку да прегладнувате па потоа да јадете голема порција. Гладувањето е штетно, наспроти тоа што вие верувавте дека може да биде позитивно за диетата.

Обидете се да ставите крај на безредието во текот на денот. Нередовното работно време, нередовниот термин за оброк и недоволното време за секојдневните активности навистина може да ги успорат вашите телесни функции во кои спаѓа и вашиот метаболизам, а тоа никако не ви е од корист.

Откажете се од нездравата храна. Не се чудете ако вашите килограми не се намалуваат во случаите кога сте премногу тврдоглави за да се откажете од помфритот или мрсното месо. Јадете компири, месо и леб но приготвени на соодветен начин.

sto-nikako-ne-smeete-da-pravite-ako-sakate-da-oslabete-02

Не си додавајте непотребни калории пиејќи нездрави сокови. Пијте да ја намалите дехидрацијата. Но, немојте да претерувате ако тоа се одразува на вашите килограми. Големите количини на алкохол и газирани пијалоци значајно го успоруваат метаболизмот, без разлика на тоа што имате одличен режим на исхрана.

Некои намирници не ги отфрлајте целосно од исхраната. И покрај тоа што сите ве советуваат дека треба да јадете само 5 или 6 вида на храна, едноличноста исто така штети. Наместо откажување од храната која ја сакате, смалете го количеството на нејзино внесување.

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg