7 причини зошто вежбањето го разубавува животот

Редовното вежбање не е ефиксно само како превенција од вишок килограми, туку истовремено е лек за скоро секој медицински проблем, од несоница до болки во грбот.

zdravstvenite-problemi-se-resavaat-so-vezbanje-1

„Кога е во прашање спречувањето на медицински проблеми, вежбањето е еден од најдобрите лекови кои ни се на располагање” – вели Давид Кац, основач на Центарот за превенција на Јеил Универзитетот.

Нервоза

Докажан начин за ослободување од нервозата и стресот се кардио вежбите. Забрзувањето на работата на срцето  зголемува ослободување на неуротрансмитери кои се задолжени за подобрување на расположението, како серотонинот. Студија објавена во магазинот “Medicine & Science in Sports and Exercise” покажала дека 30 минутно умерено вежбање, како џогирање, ја зголемува нашата отпорност на стрес. Лицата кои константно вежбаат се помалку подложни на стрес, нервоза и депресија.

Поспаност во текот на денот

Наместо да се налевате со кафе, кое подоцна може да ви направи проблеми со ноќното спиење, раздвижете се. Лицата кои се придржуваат до оние препорачани 150 минути активност во текот на една недела имаат 65% помали шанси да заспијат преку ден.

Лицата кои вежбаат побрзо заспиваат и поцврсто спијат

За ова се задолжени неколку фактори: намалување на телесната температура во тек на вежбањето, зголемување на производството на хормонот мелатонин кој помага полесно да заспиеме и ја буди потребата на телото да го обнови своето ниво на енергија.

zdravstvenite-problemi-se-resavaat-so-vezbanje-4

Болка во грбот

Мускулите околу половината со текот на годините слабеат, а секојдневното седење покрај компјутерот дополнително ги слабее. Истражувањата покажале дека најдобар лек за здрав грб, се вежбите со тегови. Овие вежби можат да помогнат смалување на болките во грбот од 30 до 80% за период од 10 до 12 недели.

Потреба за храна

Ако сакате да покажете цврста волја и сепак да ен го изедете големото чоколадо кое ви се смешка, подобро веднаш да тргнете на вежбање. Во моментите кога велиме дека ни се јаде благо, всушност тоа е само порака на нашиот мозок дека ни е потребен допамин, неуротрансмитер кој еповрзан со центарот за наградување во мозокот. Оваа вежба скоро веднаш ќе исчезне штом започнеме со вежбање, бидејќи како и храната, така и вежбањето значително го зголемува нивото на допамин.

zdravstvenite-problemi-se-resavaat-so-vezbanje-5

Потење во тек на ноќта

Во периодот на менопауза, како и годините кои и претходат, 80% од жените страдаат од симптоми како топлотни бранови и потење во тек на ноќта. Вежбањето помага да се одржи здрав индекс на телесна маса, што е клучно доколку чувствувате жештина. Доволно е само 30 минути вежбање, како трчање на трака, за да овие симптоми се смалат за 75% во рок од 24 часа.

Слаб имунитет

Аеробик вежбите претставуваат природен начин да се одбраниме од настинки и грипови, бидејќи ги префрлаат имуните клетки од ткивото во крвотокот, каде всушност напаѓаат вирусите и бактериите. Истражувањето на проф. Дејвид Нимен покажува дека доколку имаме по 5 кардио тренинзи во текот на неделата, може да ги намалиме деновите поминати во боледување за 43%.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg