Хранете се правилно пред и по тренингот

Никогаш немојте да се лажете дека активностите на празен стомак само позитивно ќе влијаат на вашите килограми,односно, дека ќе намалите повеќе отколку што очекувате. Никогаш не се прегладнувајте, ниту пак прејадувајте пред тренингот.

hranete-se-pravilno-pred-i-po-treningot-01

За вашето тело да ги добие неопходните хранливи материи пред и по тренингот, придржувајте се до ваквиот тип на исхрана.

Ако тренирате наутро, мора да јадете околу 30 минути откако ќе се разбудите за на правилен начин да го разработите метаболизмот. Појадувајте овесна каша или пак банана – тоа се производи кои на вашето тело му даваат големо количество на енергија.

Ако тренирате попладне ручајте нешто лесно пред тренингот. Јадете јаболко со путер од кикирики или свежо сечкана салата без сол и масло.

После тренинг...

Јадете најмалку 30 минути по тренингот. Важно е телото да го нахраните со многу протеини. Јадете бело месо, бадеми или протеински шејк. Притоа, јадете мали оброци на секои три часа во текот на целиот ден. Немојте да се прегладнувате пред тренингот, за по тренингот да надокнадите сè што сте потрошиле.

Избегнувајте храна богата со масти или било што зачинето пред тренингот, за да го избегнете чувството на кркорење на цревата и отежнато варење на храната. Важно е секогаш да имате доволно течности во себе пред тренингот.

hranete-se-pravilno-pred-i-po-treningot-02

За да се чувствувате здраво, морате умерено да се храните и да бидете активни. Ниту една од овие две активности не смее да биде запоставена!

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg