Филџан кафе: евтин удар за маснотиите и целулитот
Во мноштвото достапни креми по кои се посегнува во борбата против целулитот забораваме на природните лекови кои ни се пред носот. Напитокот кој преставува омилен утрински ритуал делува и во борбата против целулитот.

Еден филџан кафе, благодарение на кофеинот кој има стимулативно и диуретично дејство, го подобрува протокот на крвта на површината на кожата.
Ова е антицелулитниот третман направен од кафе:
Состојки:
- Филџан мелено кафе
- Половина филџан кафен шеќер
- Маслиново масло
Подготовка:
- На критичните зони нанесете маслиново масло и втријте го кратко во кожата.
- Меленото кафе и кафениот шеќер измешајте ги во широк сад.
- Сувата смеса нанесете ја на бедрата или задникот и со кружни движења масирајте околу 5 до 7 минути.
- Откако сте ги измасирале саканите подрачја, антицелулитниот третман е готов.
Совети: Третманот е најдобро да се направи после туширање кога кожата е мека. Се препорачува да се практикува барем четири пати неделно, а при тоа да се вежба и да се зема здрава храна. Резултатите ќе бидат неизоставни.
Би можело да ве интересира:
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни
Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот
Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем
Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин)
Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба
Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб...
Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
