Девет мали трикови за совршен стомак

Ако одлучивте да го зацврснете телото и да се решите од неколкуте вишок килограми, веројатно знаете дека ви се неопходни неколку денови, па дури и недели.

9-mali-trikovi-za-sovrsen-stomak-01

Но, постојат и неколку мали трикови кои ќе ви помогнат да го зацврснете стомакот и да ја избегнете подуеноста од храната. Ова се најдобрите девет:

1. Топла вода и лимон
Наутро испијте една чаша топла вода во која ќе додадете малку лимонов сок – така ќе го размрдате дигестивниот систем уште рано наутро.

2. Појадок без млечни производи
Ако се чувствувате подуено по консумирањето на млечни производи, задолжително избегнувајте ја павлаката, јогуртот или сирењето за појадок.

3. Утринска јога
Практикувајте ја јогата доколку сакате да се затегнете и да ги забрзате сите функции на дигестивниот систем.

4. Тропско овошје
Ананасот и папајата содржат ензими кои помагаат во спречувањето на надуеноста на стомакот така што ги разградуваат протеините кои сте ги внеле и го олеснуваат варењето.

5. Јадете поспоро
Џвакајте поспоро и темелно доколку сакате да ги избегнете тегобите.

6. Пијте многу вода
Тоа е наједноставен начин да ги елиминирате сите токсини и вишокот соли во организмот.

9-mali-trikovi-za-sovrsen-stomak-02

7. Јадете храна богата со влакна
Во текот на еден ден би требало да внесете од 25 до 30 грама храна богата со влакна. Затоа во секојдневната исхрана вклучете ги авокадото, малините или крушите.

8. Прескокнете го десертот
Наједноставно е ако го замените со водено овошје кое ќе го сервирате во облик на свежа овошна салата.

9. Пијте чај
Зачините и чаевите од ѓумбир и цимет темелно го чистат од организмот, а чајот од нане ќе ги елиминира сите тегоби во стомакот.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg