Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како порачува телото дека му недостасуваат витамини?

Малаксаноста и брзото заморување се првите знаци со кои телото ни порачува дека му недостасуваат витамини. Нивниот недостаток, медицински наречен хиповитаминоза, најчесто се јавува на пролет, а најдобро се лечи со свежо овошје и зеленчук.

kako-poracuva-teloto-deka-mu-nedostasuvaat-vitamini

Кога доминантен симптом ви е малаксаноста, недостатокот од витамини може бргу да се излекува со препарати кои што содржат минерали, витамини и железо, но препорачливо е тоа да се надмине со зајакната исхрана со обилни порции на овошје и зеленчук, пет пати на ден.

Кога ќе се јават други симптоми како сува коса, сува кожа, кршливи нокти, тогаш најверојатно се работи за недостаток на Витамин Д3. Неговиот недостаток предизвикува воспалителни ревматски заболувања како што е се ревматскиот артрит, а кај жените и остеопороза.

При недостаток на Витамин Ц и А, инфекциите се почести од вообичаено, а при недостаток на Витамин Б, особено Б12, може да се почувствува трнење во рацете и нозете.

Дефицитот на Витамин Е не покажува толку видливи надворешни знаци, но симптомите се видливи на крвната слика преку намелен број на црвени крвни зрна.

При недостаток на витамини слузниците се помалку отпорни на вирусни и бактериски инфекции, па хиповитаминозата ќе ја откриеме и по тоа што почесто се разболуваме.

Свежото овошје и зеленчук лечи побргу од таблетите. Со таблетите не треба да се претерува бидејќи единствено вишокот од Витамин Ц се исфрла од организмот.

За да се излечи недостатокот од Витамин Ц доволно е дневно да се испие една чаша цеден портокал и да се изеде една порција кељ.

Недостатокот од Витамин Б може да се избегне со конзумирање на пилешко месо, туна, интегрални производи, ореви, компир, грав, млечни производи, печурки и соја.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Витамини кои се неопходни за женското здравје + во која храна се наоѓаат? Фолната киселина е особено важна за бремените жени, додека антиоксидантите можат...
Зошто е важен витаминот Д (особено за деца) и кога треба да земате суплементи? Витаминот Д се создава во организмот со изложеност на сонце, но некогаш ова не е...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg