5 факти кои не сте ги знаеле за целулитот

Жените се најчесто незадоволни од тоа како им изгледа долниот дел од телото, што често ги доведува до ситуација да платат огромни суми на пари за разни гелови, креми, па дури и да направат хируршки зафат, само да се ослободат од проблемот наречен „целулит.“

5-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-celulitot-1

Некои стручни лица кои се занимаваат со оваа проблематика дека сето тоа се маркетиншки трикови за поголема заработка на компаниите и дека овој проблем може да се реши на поедноставен начин.

Еве некои од заблудите за целулитот.

1. Не можете да се ослободите од целулитот триејќи се со гелови на проблематичните зони

Без разлика на тоа колку скапи производи купувате, целулитот не може да се разбие со влијание од надворешен фактор. Целулитот не е кожен проблем, туку длабински структурен проблем кој единствено може да се реши ако се смени однесувањето кое предизвикува атрофија на мускулните влакна, под целулитните жаришта.

2. Опасните и скапи спа третмани можеби ќе го намалат, но нема да го решат овој проблем

Во Америка постои извештај кој вели дека жените кои се препуштиле на ваков третман, најчесто биле повредени и завршиле со лузни и изгореници. Болните, опасни и непријатни постапки, се покажале како потполно неефектни. На пример постои третман кој се врши со два валјака кои го превртуваат горниот дел на ткивото и го преклопуваат. Со овој третман, всушност се растегнува везивното ткиво кое го крие целулитот под кожата, па тој помалку се познава, но сепак е тука!

5-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-celulitot-2

3. Целулитот е или не е генетски наследен?

Можеби целулитот е генетски наследен, но тоа не значи дека треба тоа да го користите како изговор и да се откажете од борбата со него. Ако и мајка и ќерка имаат целулит можеби не значи дека е наследен, туку дека и двете не нашле начин да ги подигнат и зацврстат мускулите кои ги имаат под целулитот.

4. Можете да се ослободите од целулитот во било која доба од животот, без разлика од годините

Бидејќи целулитот е структурен проблем кој е резултат на опуштени мускули, ситуацијата може да се поправи со едноставни движења на телото кој ќе ги активираат мускулите на кризните места. Ова се вежби кои можат да ги прават сите кои имаат проблем со целулитот без разлика на тоа дали сте тинејџер или жена после бременост и менопауза.

5. Единствен начин трајно да се ослободите од целулитот е физичка активност

Ова се вежби кои се фокусирани на подигнување и обликување на мускулите кои нежно се развиваат кон надвор и на тој начин ја прават кожата цврста и мазна, а бонус е што воедно ќе го согорите и масното ткиво.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg