Храна која делува како заштитен фактор од сонцето

Најдобар начин да се заштитите од изгореници од сонце е да користиме заштитен фактор за тело. Но, истражувањата покажале дека покрај надворешната грижа, одлично е да консумираме и храна која го има истото заштитно дејство.

hrana-koja-deluva-kako-zastiten-faktor-od-sonceto-01

Се работи за вкусна храна која благодарение на своите состојки делува како природна крема со умерен заштитен фактор.

Ова се трите намирници кои треба да ги практикувате секојдневно ова лето:

Темна чоколада

Истражувањето кое е спроведено во Британија покажало дека чоколадата која содржи поголем процент на какао делува исто како и кремата за сончање. Имено, кожата на испитаниците кои консумирале по 20 грама темно чоколадо била поотпорна на сончевите зраци. Чоколадата е богата и со антиоксиданси кои ја штитат кожата од сите сончеви зраци.

Зелен чај

Уште еден силен антиоксиданс кој го штити нашето тело, а со самото тоа и кожата. Само една чаша од овој здрав пијалак е доволно за да ја заштити вашата кожа за цели 25 проценти. За само 12 недели вие сте подготвени за изложување на сонце без да стравувате од било какви изгореници на кожата.

Домат

Освен што е превкусен, во текот на готвењето не ги губи сите вредности кои ги содржи. Само 5 домати дневно помагаат во отпорноста на кожата за цели 33 проценти, што значи дека делува исто како крема за сончање со среден фактор.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg