Делотворна секс диета

Во потрага по најдобрата диета за совршена линија летово сигурни сме дека сте пробале неколку до сега. Ние ви подготвивме нешто сосема поразлично од претходно - секс диета со која може да изгубите 10 килограми за 6 месеци.

delotvorna-seks-dieta-01

Докажано е дека практикувањето на редовен секс има голема корист - здраво срце, здрав имунолошки систем, намалување на депресија, губење на тежина. Негативната страна би било единствено ограничувањето на внесувањето на храна.

Диета и исхрана

Како што уживаш во водењето љубов со твојот партнер би требало да уживаш и во храната. Пребрзото џвакање или пак јадење на брза храна се твои непријатели. Алкохолот според оваа диета треба да се елиминира, а лебот, тестенините и шеќерот треба да се консумираат во умерени количини. Појадокот е задолжителен како и големи количини на вода и зелен чај. Последниот оброк не смее да биде после 19 часот, и се разбира треба да практикувате многу вежбање, односно секс.

Докажано е дека дури 90 проценти од диетите не успеваат поради преголемите ограничувања.

Оваа секс диета овозможува уживање и доста удобен начин со кој можете да се решите од килограмите. Исклучиво важна е здравата исхрана и се препорачуваат банани, црно чоколадо, целер, спанаќ, риба. Можете да забележите дека овие намирници се воедно силни афродизијаци кои ќе ви го зголемат сексуалното либидо.

Вежбањето ја забрзува циркулацијата и го ослободува хормонот за среќа, а кога сте среќни имате желба за нешто убаво. Посетете некоја продавница за долна облека и изненадете го вашиот партнер. Таа новина во спалната соба може многу да го возбуди. Што се однесува на прашањето колку често треба да се практикува секс, експертите препорачуваат минимално 4-5 пати неделно. Еднаш во неделата приредете си вечер на заведување или било што друго што вообичаено не го правите со партнерот.

Ако се придржувате до овие правила за 6 месеци ќе изгубите до 10 килограми.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg