7 вкусни, а нискокалорични намирници
Летото со себе носи многу здрави и нискокалорични намирници. За сите оние кои сакаат да намалат килограми или пак сакаат да дознаат за здравствените придобивки ви подготвивме 7 намирници кои треба да ги вклучите во вашата исхрана.

Јагоди
Јагодите се омилено летно овошје и одлично делуваат врз организмот. Препорачани се за болните од срцеви болести, деменција и сончево оштетување, како и за зголемување на добриот холестерол. Поради овој факт се препорачува да се јадат секојдневно, а тоа што имаат само 4 калории ги прават совршени за намалување на килограмите.
Спанаќ
Дури и Попај знаеше дека Спанаќот има добри состојки. Помага во намалувањето на крвниот притисок, ги штити очите и има антиканцерогени својства. Спанаќот има 7 калории, а во комбинација со крем го прави здрав и вкусен оброк.
Ротквица
Ротквиците се богати со влакна, витамин Ц и фолна киселина кои го јакнат имунитетот. Една ротквица има само 1 калорија. Овој зеленчук може да го јадете свеж како додаток во некоја салата.
Пиперки
Пиперката го зајакнува имунитетот, го подобрува видот и дејствува поволно на дигестивниот тракт. Пет пиперки имаат само 10 калории, поради што се совршени за оние кои држат диета.
Морков
Морковот е одличен за борба против срцевите болести, ја штити кожата од сонцето и го чува здравјето на очите. Можете да го јадете свеж или готвен, има само 3 калории, и затоа претставува совршена летна здрава ужина.

Аспарагус
Аспарагусот е богат со витамини и минерали и има добро влијание врз дигестивниот тракт. Освен тоа што ја чисти кожата тој е одличен избор за детоксикација на организмот. Голема предност е тоа што има само 7 калории.
Грашок
Грашокот изобилува со јаглехидрати, протеини и фолна киселина, што го прави одличен за превенција од остеопороза, констипација и рак на желудникот. Има 10 калории, и најдобро е да се подготви во супа или како додаток во салата.
