3 причини поради кои не слабеете
Вежбите кои што даваат најдобри резултати и нè ослободуваат од масните наслаги се едноставни и идентични за мажите и жените.

Тренерот со десетгодишно искуство и авторот на бестселерот "Man 2.0: Engineering the Alpha", Adam Bornstein ги открива трите причини каде најчесто грешиме, па стрелката на вагата слабо опаѓа.
1. Важна е основата
Вежбањето треба да е забавно, но ако сакате да се ослободите од масните наслаги одете во теретана. Колку и да се чини дека овие направи се повеќе наменети за мажи, тоа не е точно. Некои вежби треба да се издржат и да се задржат во програмот без разлика колку се досадни. Добар пример се чучњевите и вежбите со тегови.
2. Намалете ги кардио вежбите
Повеќето жени мислат дека со кардио вежби може да се согори вишокот на калории, што е точно, но забораваат дека може помалку да ги внесуваат. Кардио вежбите ќе ги согоруваат калориите, а тренинзите во кои се вклучени тегови ќе ве ослободат од вишокот на сало.
3. Посветете му се на вежбањето
На заедничките тренинзи се создаваат пријателства, што е одлично, но лошо е ако зборувате со пријателите наместо да се сконцентрирате на правилното изведување на вежбите.
