Како да се освежите, а да не се здебелите
Во летните денови најважно ни е да се разладиме и затоа се обидуваме да пиеме колку што можеме повеќе студени и свежи пијалаци. Тие се подеднакво важни како и тоа што го јадеме, но инстант ефектот што го имаат е посилен и поради него не се грижиме колку калории внесуваме.

За да се избегне овој проблем препорачуваме цедено овошје или вода со ароматични билки.
Внимавајте на шеќерот
Засладените пијалаци додаваат повеќе калории и не ја гасат жедта. Затоа, најдобро би било во овој случај да се напиете обична вода, безмасно млеко или цедено овошје кое е хранливо и ниско калорично.
Ако не се контролирате можете да внесете над 1000 калории преку пиење течности. Експертите препорачуваат да се избегнуваат овошните јогурти, газирани пијалаци, па дури и ароматзираната вода.
Заблуди
Често се случува во некои пијалаци да има повеќе калории од тоа што претпоставуваме. Овошните сокови содржат важни витамини па затоа препорачливо е да ги пиеме, но секогаш проверувајте ја нивната содржина доколку не се свежо цедени.
Сепак не треба да заборавиме дека тие имаат многу калории. Причината за тоа е овошниот шеќер кој е составен дел од овошните плодови. Имајте на ум дека сокот од јаболка содржи повеќе калории од Coca Cola.
Зачинета вода
Направете комбинација и искористете ги најдобрите придобивки од овошните скокови и од водата. Припремете пијалак кој ги има двете состојки во ист размер, а можете да зачините и со некои ароматични билки. Така ќе ги внесете потребните хранливи состојки од овошјето и ќе ги намалете калориите така што ќе ги разредете со вода.

За да имате поголема прегледност колку калории внесувате во текот на еден ден, еве ја листата на најчесто консумираните течности и нивните калорични вредности.
- Пиво = 40 kcal
- Coca Cola = 39kcal
- Сок од свежо цеден лимон = 36kcal
- Сок од праска = 48kcal
- Сок од јагода = 22kcal
- Сок од портокал = 49kcal
- Сок од боровница = 41kcal
- Сок од свежо цеден грејпфрут = 30kcal
- Сок од јаболка = 50 kcal
- Сок од круши = 51kcal
- Сок од ананас = 54kcal
- Сок од домати = 21 kcal
- Сок од цвекло = 45kcal
