Моќна лубеница - борец против потење и непријатен мирис

Љубителите на лубеница штом помислат на лето, помислуваат и на овој сочен и освежувачки десерт, кој стручните лица го категоризираат како зеленчук. Меѓутоа, лубеницата е одлична и за многу други нешта.

mokna-lubenica-borec-protiv-potenje-i-neprijaten-miris-01

Лубеницата, покрај тоа што е најделотворниот разладувач во текот на летото, исто така е фантастична за чистење на организмот, посебно за бубрезите. Луѓето кои сакаат да ја јадат за време на врелите летни денови, нема да уживаат само во вкусот, туку ќе имаат шанса да почувствуваат и бројни други погодности.

Како прво, лубеницата делува како силен природен дезодоранс бидејќи го спречува прекумереното создавање на микроорганизми, а со самото тоа и појавата на непријатни мириси.

Доколку овој сладок зеленчук го консумирате често нема да патите од потење за време на важните летни денови, непријатните мириси ќе бидат неутрализирани, а покрај бубрезите ќе биде подобрена и функцијата на вашите зглобови и целиот грб.

mokna-lubenica-borec-protiv-potenje-i-neprijaten-miris-02

Лубеницата го ослободува телото од вишокот соли во организмот. Истовремено, ослободува и од непотребните масти и го отстранува целулитот.

Исхраната богата со лубеница ги прочистува цревата, воспоставува нормализација на флората и воспоставува PH рамнотежа.

Отидовме ние по лубеница! :)

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
6 симптоми за проблеми со срцето кои не се поврзани со градите Вртоглавицата и ненадејната силна главоболка можат да бидат знак за проблем со с...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Знаци за деменција за кои не се зборува често (а треба да ги знаете) Покрај проблемите со помнењето, знак за деменција можат да бидат и халуцинациите...
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)? Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg